Македонија

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

За 46% од европските потрошувачи, вештачката интелигенција ја подобрила комуникацијата со банките.

Долго време личното советување се сметаше за незаменлив дел од односот на банката со потрошувачите. Студијата EOS Banking AI Barometer – Како Европа навистина се чувствува во однос на ВИ во банкарството, покажува дека оваа слика се менува. Студијата испитува како европските потрошувачи ја оценуваат вештачката интелигенција (ВИ) во банкарскиот сектор. Од нив 46 проценти се изјасниле дека со употребата на ВИ има подобрување на комуникацијата со клиентите. Само единаесет проценти забележуваат влошување. Кога технологијата конкретно помага, таа се прифаќа. Речиси секој трет испитаник (29 проценти) би претпочитал да разговара со ВИ наместо со човек за чувствителни банкарски прашања. Кај испитаниците на возраст од 18 до 34 години уделот е уште поголем (38 проценти).

Сепак, студијата укажува дека ВИ сè уште наидува на ограничувања во оваа област. Во поглед на разбирањето, прецизноста и решавањето на проблемите, степенот на согласување со способностите на ВИ во банкарските услуги изнесува само 35 до 36 проценти. Прифаќањето е поголемо при пребарувањето информации, брзината и достапноста. Повеќе од половина од испитаниците (54 проценти) ја ценат ВИ како помош при пребарување информации. По 51 процент ја пофалуваат побрзата комуникација и достапноста 24 часа на ден.

Покрај сите предности, останува една празнина, на 60 проценти од испитаниците во комуникацијата со ВИ им недостига човечкиот елемент.

  • „Вкупно 46 проценти од клиентите велат дека услугата се подобрила благодарение на ВИ, а само 11 проценти чувствуваат влошување. Тоа е јасен сигнал за прифаќањето на ВИ во услугите за клиенти. Но 60-те проценти на кои им недостига човечкиот елемент ни покажуваат и дека ВИ сама по себе не е одговорот. Најдобрите банки користат ВИ како алатка за подобра услуга, а не како замена за односот“, вели Марвин Рамке, главен извршен директор и претседател на Одборот на директори на Групацијата EOS.

Испитаниците гледаат значителен потенцијал за услугите за клиенти со ВИ. Особено во финансиски напнати ситуации гледаат простор за проактивна поддршка од ВИ.

  • „Нашата студија покажува јасна насока во користењето услуги со ВИ: клиентите не сакаат само ВИ што реагира, туку и ВИ што предвидува. Така, 61 процент сакаат предупредувања при опасност од пречекорување на сметката, а 51 процент ги сметаат за корисни предлозите на ВИ за индивидуален план на рати за отворени побарувања“, објаснува главниот извршен директор на Групацијата EOS .

Потрошувачите кои некогаш имале тешкотии со плаќањата се значително поотворени кон понуди за помош од банките, кои се поддржани со ВИ, за разлика од населението во целина. Македонија, иако не беше опфатена со истражувањето поради спецификите на домашниот банкарски сектор, искуството на EOS Матрих покажува дека и кај нас веќе се забележуваат промени во навиките и очекувањата на корисниците.

  • „Дигиталната комуникација веќе не е само тренд, туку јасен избор на младите корисници. Иако банкарскиот сектор во нашата земја сè уште претпазливо ја применува вештачката интелигенција во управувањето со задоцнетите кредитни обврски, нашите податоци покажуваат значителна промена во навиките. Во изминатите две години расте бројот на корисници што плаќаат онлајн и отвораат профили на платформата MyEOS. Младите полесно ги прифаќаат современите дигитални решенија, додека повозрасните корисници и натаму го претпочитаат директниот контакт со нашите агенти и почесто ги посетуваат канцелариите на EOS Матрих. Овој тренд се совпаѓа со наодите од ‘EOS Banking AI Barometer’ и најавува иднина на брза, дигитална и персонализирана комуникација“, вели Катерина Бошевска, главниот извршен директор на EOS Матрих Македонија и EOS Косово.

За студијата EOS Banking AI Barometer – Како Европа навистина се чувствува во однос на ВИ во банкарството, во текот на јули 2026 година биле анкетирани 4.400 лица од Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Грција, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Швајцарија. Целната група биле клиенти на банки на возраст од 18 до 65 години.

За Групацијата EOS

Групацијата EOS е водечки технолошки инвеститор во портфолија на побарувања и експерт за обработка на отворени побарувања. Со повеќе од 50 години искуство и присутво во над 20 земји, EOS нуди паметни услуги поврзани со управување со побарувањата ширум светот. Во фокусот се банките, како и компаниите од секторите недвижности, телекомуникации, снабдување со енергија и е-трговија. EOS вработува речиси 6.000 лица и е дел од Групацијата Otto.

Најнови вести од: Македонија

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Огромен интерес за милионот: Досега пријавени 413 тимови, рокот истекува на 11 ноември

Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари.

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Независниот синдикат на одбраната: Не го поддржуваме утрешниот манипулативен протест! Нашиот пат е дијалог, а не улица!

Независниот синдикат на одбраната (НСО), како најголем и репрезентативен синдикат на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, остро се спротивставува на обидите за манипулација и вовлекување на припадниците на Армијата во протести кои не ги одразуваат нашите синдикални вредности и принципи.

Мицкоски: Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната Влада, имаме политички услов – уставните измени

И амбасадорот Рокас вчера кажа дека, во суштина, споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но исто е поважно да се каже дека извештајниот период не ги опфаќа оние реформи кои се направени во меѓувреме и ќе се направат до крајот на годината, посебно кога станува збор за борбата со корупцијата и владеењето на правото, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Кога ќе ги извадиме валканите алишта и мумиите од плакарот?

Кога ќе ги извадиме од плакарот сите алишта, особено валканите, па и мумиите (не мислам на Бранко Црвенковски), да ги ставиме на маса и отворено да поразговараме за тоа кај сме, кои сме, што сакаме и каде одиме? Да направиме демистификација на сите митови, легенди и заблуди

Најнови вести

To top