Хроника

На затвореник му носела марихуана – ја уапсиле

Два случај за обид на шверц на забранети супстанци во Идризово

 

30-годишна скопјанка која дошла на посета кај осуденик во затворот „Идризово“, но по личен претрес во просторијата за посети, кај неа биле пронајдени и одземени две пакувања со марихуана.

Неколку часа подоцна, во истиот затвор, при проверка на пакет наменет за друг затвореник, затворските службеници пронашле 171 таблети. Пакетот претходно го оставила мајката на осуденикот

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top