Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија одново покажува поразителни бројки за рударската гранка. Индустриското производство во септември 2026 година е зголемено за 2,4% во однос на септември 2025 година, но најголем удел во растот има преработувачката индустрија. На другата крајност со негативни показатели е токму рударството, кое во ниту еден месец од годинава нема подобрување во споредба со истиот период лани.

  • „Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи опаѓање од 7,7%“, соопшти Државниот завод за статистика.

Најостар пад беше забележан во податоците за месец август, кога рударството било послабо за дури 10,1%. Домашните експерти недвосмислено потенцираат дека е потребен развој на одржливо рударство, со кое Македонија ќе фати чекор со земјите од соседството и со европските трендови. Последно, геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина. Според него, кога зборуваме за рударството мора да се потсетиме дека тоа е еден од темелите врз кои се градела македонската индустрија.

  • Денес рударството останува значаен дел од македонската економија. Само во 2024 и 2025 година извоз на концентрати на олово, цинк и бакар достигнува неколку стотина милиони долари. Тоа се конкретни бројки кои потврдуваат дека рударството не е само наше индустриско наследство, туку и реална економска состојба – истакна Димов на годишното стручно советување во организација на Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија.

Во излагањето тој додаде дека денес се соочуваме со еден голем парадокс – светот бара зелена транзиција, обновлива енергија, електрични возила, нови технологии, а истовремено се погласни се барањата коишто се насочени кон ограничувања на рударството.

  • Мора јасно и гласно да кажеме дека не постои зелена транзиција без минерални суровини, ниту минерални суровини без рударство. Сепак, тоа не ни дава право да ја занемариме животната средина. Напротив, обврската е да сме уште поодговорни кон неа. Денес рударството можеби може да ја добие најважната битка во својата историја, а тоа е битката за довербата кај граѓаните. Таа битка нема да ја добиеме со декларации и празни ветувања, ниту со конфронтации со оние коишто се против рударството. Ќе ја добиеме со знаење, со нови технологии, транспарентност и конкретни резултати – појасни универзитетскиот професор.

Димов оцени дека дезинформациите ја загрозуваат иднината на рударството.

  • Рударството коешто создава економска вредност ја почитува природата и ја има довербата на граѓаните. Ако во минатото рударството ја градеше индустриската Македонија, денес наша обврска е преку одржливо рударство да ја градиме иднината на Македонија. Да не дозволиме стравот да биде посилен од знаењето, ниту неодговорноста да биде посилна од напредокот. Да покажеме дека Македонија има знаење, има ресурси и пред сѐ, има луѓе кои можат да создадат современо, одговорно и одржливо рударство – заклучи Димов.

Последен проект кој наиде на обвинувања од страна на дел од активисти, но и политичари, беше инвестицијата во рудникот за бакар во Иловица. Инвестицијата е единствена активна во македонското рударство во моментов и беше најавено дека ќе ги употребува најсовремените технологии. Од ова наоѓалиште годишно би се произведувале околу 16.000 тони бакар, што значително ќе влијае на македонскиот извоз. Самата инвестиција би тежела 350 милиони евра. Дополнително, инвеститорот информираше дека проектот ќе придонесе за економијата и со 500 директни вработувања и над 2.000 индиректни вработувања. Од друга страна, голем број инвестиции во рударството во минатото не се реализираа, а нов рудник во Македонија се нема отворено повеќе од четириесет години.

Најнови вести од: Македонија

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Крива Паланка бара државна помош: Општината нема капацитет сама да се справи со кравите

Општинскиот кризен штаб алармира дека над 1.000 грла добиток се движат низ центарот и уништуваат имоти, по што градоначалникот Сашко Митовски побара итна владина интервенција

To top