Оперскиот пејач Игор Дурловски смета дека сега е моментот Македонија да покаже солидарност со Бугарија за трагичната сообраќајна несреќа на автопат во Бугарија.
„Сочувство до семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија.
Човечката солидарност е највисок израз на цивилизациската совест.
И покрај политичките несогласувања, симболично, но и суштински, треба да испратиме дарувана крв за повредените, затоа што пред болката и пред човечките животи, граници и политики не смее да има“, порача Дурловски на Фејсбук.