Македонија

Љупчо Пренџов назначен за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на партијата донесе одлука за именување на пратеникот на нова партиска функција.

Пратеникот Љупчо Пренџов е нов заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, откако таквата одлука била усвоена на седницата на Извршниот комитет на партијата.

По повод неговото именување, Пренџов јавно му се заблагодари на претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба, како и на членовите на Извршниот комитет за дадената поддршка, истакнувајќи дека функцијата ја смета за ново поглавје во својот политички ангажман.

– Му благодарам на претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба, како и на членовите на Извршниот комитет за поддршката. Ова за мене претставува ново поглавје во политичкиот ангажман, кое го започнувам со јасна определба – довербата да ја оправдам со личен ангажман, доследност и конкретна работа. Продолжуваме со јасна цел, заедничка посветеност и одговорност кон партијата и кон Македонија. Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати – порача Пренџов.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

To top