Бизнис

АЕК: Македонија во топ 10 земји со најдобар интернет во Европа, Третиот мобилен оператор ке започне со работа во 2026

Годината 2025 е оценета како позитивна за развојот на пазарот на електронски комуникации, со позитивен тренд на сите параметри.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во 2025 година регистрирала 346 барања за решавање спорови од граѓани против телекомуникациските оператори, во споредба со 363 во 2024 година.

Најчестите причини за жалби се неквалитетна услуга, измени во условите на претплатничките договори, високи сметки и наплата на казнени пенали при раскинување на договор.
Од донесените решенија:

45 се усвоени;
14 делумно усвоени;
40 предмети затворени по меѓувремено постапување на операторот;
109 одбиени.

Останатите барања биле непотполни, повторени, надвор од надлежност или отфрлени.

Од АЕК истакнуваат дека граѓаните соодветно ги користат механизмите за заштита.

Годината 2025 е оценета како позитивна за развојот на пазарот на електронски комуникации, со позитивен тренд на сите параметри. Операторите обезбедуваат просечна брзина на 5G пристап од околу 340 Mbps во градовите и 120 Mbps на патиштата, со што веќе се надминати таргетите од Националниот оперативен бродбенд план (НОБП) предвидени за 2029 година (минимум 100 Mbps). Ова ја позиционира Македонија меѓу првите 5-10 земји во Европа по квалитет на мрежите.
Клучни новини за 2026 година:

Влез на трет мрежен оператор во мобилната телефонија (единствениот понудувач „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „4iG“; рок за избор на најповолен понудувач до 12 јануари 2026, доделување фреквенции до 25 февруари 2026);
Ставање во функција на телекомуникациската кула на Водно (најдоцна до 31 јануари 2026), за подобрување на електромагнетната компатибилност и безбедност во воздухопловните служби;
Можност за воведување на T-DAB дигитално радио од страна на ЈП Македонска радиодифузија по 1 јануари 2026 (според новиот Закон за електронски комуникации, усогласен со европското право).

Заклучно со вториот квартал на 2025 година:

1.954.643 претплатници во мобилна телефонија;
457.763 фиксни линии;
549.109 пристапи до интернет со широк опсег;
1.615.040 преку мобилни мрежи (2G/3G/4G/5G);
441.523 претплатници на ТВ услуги.

Приходите на АЕК за 2026 година се планирани на 636.750.000 денари (26% помалку од 2025), од кои најголем дел (520 милиони) од надоместоци за радиофреквенции.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top