Бизнис

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

„Алкалоид“ годинава го бележи своето 23. учество на CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients), водечки глобален настан кој ги поврзува чинителите од целиот фармацевтски синџир. Годинашното 37. издание на CPHI се одржува од 6 до 8 октомври во Милано, Италија, обединувајќи ја фармацевтската заедница на едно место заради вмрежување, размена на знаења, претставување иновации и создавање нови деловни можности.

Годинашното учество на „Алкалоид“ на CPHI Milan 2026 се одвива во знакот на 90-годишниот јубилеј на компанијата, а во фокусот на саемското претставување се современите производствени капацитети, производственото портфолио и клучните развојни достигнувања на компанијата.

Тимот на „Алкалоид“, составен од 35 претставници на повеќе организациски сектори, во текот на трите саемски денови реализираше голем број средби со своите деловни партнери и добавувачи, како и со потенцијални соработници. Главниот акцент е ставен врз продлабочување на постојните партнерства, развој на нови деловни можности и проширување на меѓународната соработка со водечките чинители во фармацевтската индустрија.

Со повеќе од 62.000 фармацевтски професионалци и над 2.900 изложувачи од целиот свет, CPHI,  како еден од најреномираните светски собири во областа на фармацијата, ги обединува компаниите, експертите и иноваторите, нудејќи современа рамка за претставување на најновите технологии и за воспоставување стратешки партнерства што отвораат нови можности за развој на следната генерација иновативни фармацевтски решенија.

Континуираното присуство на „Алкалоид“ на CPHI е дел од долгорочната определба на компанијата да ги следи глобалните текови во фармацевтската индустрија, да ја зајакнува својата меѓународна конкурентност и преку нови знаења, технологии и партнерства да создава основа за иден одржлив раст.

Најнови вести од: Бизнис

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

Петта година по ред „Реплек“ е дел од учесниците и изложувачите на еден од најзначајните светски саеми за фармација – CPHI, кој годинава, од 6 до 8 октомври, се одржува во Милано, со присуство на над 62.000 учесници и 2.900 компании од 166 земји.

Извозот пораснал за 8,7% – Со кои држави најмногу тргува Македонија?!

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Цената на гасот во Европа скокна за дури 171%

Првиот регулатор вели дека со почнување на грејната сезона и во земјава доколку не се смири пазарот, снабдувачот со парно топлинска енергија ќе почне да ги чувствува промените на цената на гасот и ќе побараат интервенција во калкулациите за цената на парното.

„Тинекс“ и официјално има нов газда – Лиридон Бериша од Косово е нов директор

Во 2025 година приходите на „Тинекс“ се намалија на 5,31 милијарди денари, односно за околу 16,5 отсто во однос на 2024 година. Приходите само од продажба на производи паднаа за околу 16,5 отсто. Во исто време, беше прикажана годишна нето-загуба од 217 милиони денари.

To top