Бизнис

Божиновска-Сулстром: Шведска поддршка за енергетски реформи и инфраструктурни проекти во Македонија

Министерката Божиновска го запозна амбасадорот Сулстром со клучните стратешки проекти на Министерството во областа на енергетската инфраструктура и енергетската ефикасност, како и со плановите за забрзување на енергетската транзиција. Таа посочи дека Македонија е посветена на модернизација на енергетскиот систем, зголемување на учеството на обновливите извори и подобрување на енергетската одржливост, што отвора можности за соработка со шведските партнери и компании.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. г. Ола Сулстром. На средбата беше потврдена досегашната добра соработка меѓу двете земји и изразен заеднички интерес за нејзино продлабочување, особено во делот на енергетиката и инфраструктурните проекти.

Министерката Божиновска го запозна амбасадорот Сулстром со клучните стратешки проекти на Министерството во областа на енергетската инфраструктура и енергетската ефикасност, како и со плановите за забрзување на енергетската транзиција. Таа посочи дека Македонија е посветена на модернизација на енергетскиот систем, зголемување на учеството на обновливите извори и подобрување на енергетската одржливост, што отвора можности за соработка со шведските партнери и компании.

Во фокусот на разговорот беше и можноста за искористување на Фондот за техничка документација (TDF), инструмент преку кој Шведска поддржува изработка на техничка документација за инфраструктурни и енергетски проекти. Досега македонски проекти не учествувале во овој фонд, а министерката Божиновска истакна дека учеството во TDF би можело да биде значајно за унапредување на проектите во областите на енергетската ефикасност, модернизацијата на инфраструктурата и паметните енергетски решенија со оглед на големото искуство на шведските компании и институции во овие области.

Тој истакна дека голем број шведски компании се заинтересирани за случувањата во енергетскиот сектор во Македонија и регионот, при што изрази желба да се поттикне поголема економска соработка – како преку присуство на шведски фирми во македонскиот енергетски пазар, така и преку настап на македонски компании на шведскиот пазар.

Амбасадорот Сулстром нагласи дека Шведска останува силен пријател и поддржувач на Македонија во процесот на евроинтеграциите и изрази надеж дека земјата ќе стане полноправна членка на Европската унија во најскоро време.

Средбата помина во конструктивна атмосфера, со заедничка определба за интензивирање на билатерарната соработка и иден развој на партнерства во полето на одржливата енергија и зелениот развој.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top