Бизнис

Буџетот за 2026 под лупа: Ќе биде финансиски стабилен или пак зависен од кредити?!

Со Предлог-буџетот, буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 проценти од БДП или 637 милиони евра. Капиталните инвестиции се намалени и проектирани на 650 милиони евра. За покривање на долгот, планирано е да се задолжиме околу 1,7 милијарди евра, од кои 950 милиони преку еврообврзница.

Предлог-буџетот за наредната година е традиционално за покривање на државните трошоци и заштита на животниот стандард. Но, проектираниот раст на БДП од 3,8 проценти во вакви геополитички случувања е тешко остварлив. Ова се првичните коментари на експертите за државната каса која следната година ќе биде тешка над 6,73 милијарди евра.

  • Јас не сум преголем оптимиста дека ќе успееме да ја реализираме, иако навистина таа стапка реално е остварлива доколку биде ставен во функција полниот капацитет на администрацијата и се задржи фокусот на капиталните проекти кои можат да генерираат таков раст, вели Зоран Ивановски, универзитетски професор.
  • Ова е буџет на стабилност, континуитет и реалност, според мене, а има и простор за критики секако. И создава една основа за посилен инвестициски циклус во 2027 и довербата во однос на меѓународните партнер, вели Синиша Наумоски, универзитетски професор.

Владата на Македонија го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, кој предвидува расходи во висина од 6,73 милијарди евра, со раст на БДП од 3,8% и инфлација од 2,5%. Приходите се планирани на 6,1 милијарда евра, а буџетската рамнотежа се заснова на поголема наплата на даноци и засилена фискална дисциплина.

Според последните податоци, јавниот долг на државата се очекува да изнесува околу 59% од БДП во 2026 година, што претставува умерено зголемување во однос на 2025, но сепак е во рамки на безбедната зона дефинирана со Маастришките критериуми. Оваа динамика, според економските експерти, укажува на постепена стабилизација на фискалните текови, по период на зголемени јавни расходи во време на кризи.

Министерството за финансии во своето образложение посочува дека приоритети во буџетот ќе бидат капиталните инвестиции, образованието, здравството и енергетската транзиција. Притоа, се најавува дека дел од средствата ќе бидат насочени кон модернизација на инфраструктурата и дигитализација на јавните услуги — сектори кои треба да создадат долгорочна економска вредност.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top