Бизнис

Македонија и Словачка споделуваат заедничка визија, значајна поддршка за реформските процеси

На средбата двајцата министри се осврнаа на можностите за развој на пазарите на капитал по потпишување на Меморандумот за соработка меѓу седум земји-членки на Европската Унија и Македонија, како и за можностите за поддршка во креирање мерки за борба против сивата економија,како и на поддршка за реформите во рамки на евроинтеграцискиот процес на нашата земја.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска оствари официјална средба со нејзиниот колега од Република Словачка, Ладислав Каменицки. Двајцата министри на средбата разменија мислења за низа прашања од заеднички интерес и оценија дека има широк потенцијал за понтамошно унапредување на соработката.

  • „Денеска остваривме многу плодна и суштинска средба со мојот колега, министерот за финансии на Словачка, Ладислав Каменицки, на неговата прва официјална посета во Македонија. Македонија и Словачка се пријателски земји кои споделуваат заедничка визија – силен и стабилен регион, интегриран во Европската Унија, со отворени пазари, развиени институции и стабилни економии“, рече министерката по средбата со словачкиот министер.

Таа додаде дека  Македонија има јасна и амбициозна агенда за јакнење на јавните финансии, фискална дисциплина, подобрување на деловното окружување и спроведување на проекти што директно придонесуваат за економски раст, што е и дел од препораките во последниот Извештај на Европската комисија.

При тоа се заблагодари за поддршката што ја дава Словачка на нашата земја во делот на јавните финансии, борбата против даночното затајување и трансферот на know-how, што е многу значајно за исполнување на критериумите за членство во ЕУ како и oд економските и институционалните реформи кои произлегуваат од Реформската агенда.

Министерот Каменицки потенцира дека оваа средба е важна за размена на искуства помеѓу двете земји. При тоа понуди помош и поддршка на нашата земја во нашиот евроинтеграциски процес. Исто така посочи и на значењето на потпишаниот Меморандум за соработка во развојот на пазарите на капитал помеѓу седум земји од регионот на ЈИЕ, вклучително и на Словачка и Македонија и можностите кои што ги отвора тој за инвеститорите во регионот.

На средбата двајцата министри се осврнаа на можностите за развој на пазарите на капитал по потпишување на Меморандумот за соработка меѓу седум земји-членки на Европската Унија и Македонија, како и за можностите за поддршка во креирање мерки за борба против сивата економија,како и на поддршка за реформите во рамки на евроинтеграцискиот процес на нашата земја.

Покрај тет-а-тет средбата на двајцата министри, во рамки на официјалната посета се одржа и билатерален состанок на делегации од двете земји, на којшто се отворија повеќе теми кои имаат потенцијал за работа и унапредување на соработката.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top