Бизнис

Државата дава неповратни 615.000 денари за сопствен бизнис

Парите се наменети за основање друштво со ограничена одговорност (ДОО) од двајца содружници, при што секој ќе поседува по 50 проценти од уделот во фирмата. Максималниот износ на грантот е 1,23 милиони денари, а парите ќе се користат за набавка на опрема и материјали предвидени во бизнис-планот.

Невработените, млади и возрасни лица со претприемачка идеја и желба да започнат или да формализираат сопствен бизнис ќе можат да добијат по 615 илјади денари неповратна финансиска поддршка преку новиот јавен повик на Агенцијата за вработување. Повикот е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2026 година и се однесува на програмата „Поддршка за самовработување (претприемништво) здружување на корисници во ДОО“.

Средствата се наменети за основање друштво со ограничена одговорност (ДОО) од двајца содружници, при што секој ќе поседува по 50 проценти од уделот во фирмата. Максималниот износ на грантот е 1,23 милиони денари, а парите ќе се користат за набавка на опрема и материјали предвидени во бизнис-планот. На повикот можат да се пријават невработени млади до 29 години со најмалку средно образование, невработени мажи до 60 години и жени до 58 години, припадници на ромската заедница, повратници од странство, лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис, како и жртви на родово и семејно насилство.

Покрај финансиската поддршка, програмата обезбедува и задолжителна обука за претприемништво и развивање бизнис-вештини, изработка на бизнис-план преку ваучерски систем и помош при регистрација на фирмата. За одредени категории учесници е предвидена и шестмесечна менторска поддршка по основањето на бизнисот.

Заинтересираните треба да се пријават во работните клубови на центрите за вработување најдоцна до 3 јули годинава. Еден од условите е кандидатите да имаат активна електронска адреса. Право на учество немаат лица кои во минатото добиле грант за самовработување, како и тие што во последните 12 месеци биле основачи или управители на фирма со иста дејност.

Програмата не ги опфаќа бизнисите што се во делот на класичното земјоделство (со исклучок на органското производство), такси-превозот, производството на оружје и муниција, финансиските и осигурителните дејности, игрите на среќа, приватните агенции за вработување и приватните здравствени установи. Пријавите се поднесуваат во центрите за вработување секој работен ден од 8 до 14 часот, а дополнителни информации се достапни во подрачните центри на Агенцијата за вработување и на официјалната веб-страница на институцијата.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top