Бизнис

Државата им отвори врата на македонските компании во Дубаи

Премиерот Христијан Мицкоски ја отвори вратата за нови инвестиции од Дубаи и на директорот на Стопанската комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута, му порача дека ние сме нов пазар и дека сакаме да соработуваме и да се развиваме. Во тој контекст, тој посочи повеќе факти дека имаме пораст од преку 3 проценти на БДП, забрзување на градeжништвото, пораст на туризмот, земјоделството.

Државата ја отвори вратата за инвестиции и за извоз на македонските компании во Дубаи. Порастот на БДП, градежништвото, туризмот и земјоделството се добра препорака за арапските инвеститори кои сакаат да ја продлабочат соработката со македонските компании. Во Дубаи има 52 регистрирани компании од Македонија, а трговијата меѓу двете земји во 2024 година достигна вредност од 52,2 милиони долари.

Директорот на Стопанска комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута, рече дека има голем потенцијал за соработка во повеќе области и дека преку соработката со Дубаи, македонските компании може да го зголемат својот пораст на глобалните пазари како оние во Африка.

Дубаи, посочи Рашед Лута, нуди бизнис-средина што е поволна за инвеститорите со инфраструктура од светска класа и неспоредлива глобална поврзаност и динамичен дигитален екосистем.

Ги забрзуваме градежништвото, туризмот, земјоделството и значително внимание му посветуваме на извозот на земјоделски производи, рече Мицкоски, оценувајќи дека досега добро оди, но и дека, секако, сè уште има простор за подобрување.

  • Засега ја консолидиравме економијата и создадовме добра бизнис-клима. Веќе нема политичари што вршат притисок врз бизнисите и ова е нешто што е многу важно за земјата, имајќи го на ум искуството од минатото, што беше голем проблем за бизнис-заедницата. Мојот прв чекор беше да ги ослободам бизнисите од надворешните политички притисоци и да им дозволам да растат слободно и тоа е нешто што додава вредност на нашата економија досега, изјави Мицкоски.

Официјалните податоци велат дека трговската размена помеѓу Македонија и Дубаи лани изнесувала нешто над 52 милиони евра. Во моментов во Дубаи има регистрирано 52 компании на сопственици од Македонија.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top