Бизнис

ЕК: Свесни сме за проблемите на камионџиите, но Шенгенските правила нема да се променат

Комисијата сугерира за возачите од Западен Балкан да се склучуваат билатерални договори со земјите-членки на ЕУ

Европската комисија соопшти дека Шенгенските правила нема да се променат, иако претставниците на таа институција се свесни дека одредени категории, вклучувајќи ги и професионалните возачи на камиони, се соочуваат со проблеми при влегување и излегување од европските земји кои се дел од зоната на слободно движење.

Комисијата сугериреа, во исчекување на евентуална промена на Шенгенските правила, да се бара практично решение за професионалните возачи од Западен Балкан преку билатерални договори со земјите-членки на ЕУ, кои би им издале долгорочни визи или дозволи за престој.

Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, изјави дека Брисел е свесен дека одредени категории професионалци од трети земји, поради природата на нивната работа, треба да останат во Шенген зоната подолго од дозволените 90 дена во период од 180 дена.

„Ова ги вклучува професиите што вклучуваат висока мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците на турнеја“, рече Ламерт.

Според него, ова прашање зависи и од националните правила и постојните билатерални договори, поради што постои можност за наоѓање „прагматични решенија“ во рамките на сегашните Шенген правила.

Ламерт ги спомена долгорочните визи и дозволите за престој, кои се одговорност на земјите-членки, како можни опции, додека во некои ограничени случаи, возачите би можеле да се третираат како прекугранични работници.

ЕЕС не воведува нови ограничувања за престој во Шенген
Сепак, Ламерт нагласи дека новиот систем за влез/излез – ЕЕС – не воведува нови ограничувања за престој во Шенген.

„ЕЕС не воведува никакви нови правила или нови барања во врска со должината на кратките престои во Шенген зоната. ЕЕС само овозможува подобра примена на тие правила“, изјави портпаролот на Комисијата.

Правилото дека граѓаните на земјите без виза можат да поминат максимум 90 дена во Шенген зоната во текот на кој било период од 180 дена постоеше пред воведувањето на ЕЕС, но новиот електронски систем овозможува попрецизно евидентирање на влезовите, излезите и должината на престојот.

Комисијата вели дека останува отворена за дискусии за решенија за професионалните возачи, но дека постојните Шенген правила ќе продолжат да важат.

„Продолжуваме да соработуваме со нашите партнери во Западен Балкан“, рече Ламерт, додавајќи дека Комисијата во неколку наврати разговарала и за ова прашање со претставници на транспортниот сектор.

Неколку стотици патни превозници протестираа во понеделник во Сараево, Белград, Подгорица и во Скопско, пред зградите на делегациите на Европската Унија во тие градови.

Превозниците на друмски превоз бараат решавање на прашањето за нивниот престој и работа во ЕУ, имено професионалните возачи да добијат услови за престој прилагодени на спецификите на нивната работа и правилото за 90 дена надвор од 180-те дена да не се однесува на нив.

Најнови вести од: Бизнис

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

(Фото): Гувернерот и министерката за финансии а средба со високи претставници од Светската банка

Продолжувањето на ова партнерство претставува важна поддршка за натамошниот развој на финансискиот систем во нашата земја, зголемувањето на неговата отпорност и поефикасното поврзување со европската и регионалната финансиска инфраструктура.

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

To top