Бизнис

(Фото): Фирмите добиваат побрзи и поедноставени царински процедури со електронскиот – АТА систем

Од 1 јуни 2026 година официјално започнува глобалната транзиција кон модернизираниот дигитален е-ATA Carnet систем, согласно меѓународната динамика утврдена од Меѓународната трговска комора (ICC) и Светската царинска организација (WCO).

Од денеска, 1 јуни 2026 година, започнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, целосно електронски систем за обезбедување документација за извоз на стоки, за кој Стопанската комора има јавни овластувања и ги издава овие документи во интерес на компаниите. Во време кога дигитализацијата станува предуслов за поефикасни административни процеси и поконкурентна економија, модернизацијата на инструментите што ја олеснуваат меѓународната трговија претставува природен и неопходен чекор. ATA Carnet, познат и како „пасош за стоки“, е меѓународно признат царински документ кој овозможува привремен извоз и увоз на стоки без плаќање царини и други увозни давачки во повеќе од 80 земји и царински територии. Документот се користи за учество на меѓународни саеми, изложби, деловни настани, професионална опрема и други форми на привремено движење на стоки.

Како национална гарантна асоцијација и издавач на ATA Carnet, Стопанската комора на Македонија, од воведувањето на новиот дигитален систем во април 2023 година до денес, има издадено вкупно 1.470 паралелни хартиени и дигитални АТА карнети.

Од 1 јуни 2026 година официјално започнува глобалната транзиција кон модернизираниот дигитален е-ATA Carnet систем, согласно меѓународната динамика утврдена од Меѓународната трговска комора (ICC) и Светската царинска организација (WCO).

Преминот на АТА карнетот во дигитална форма претставува значаен чекор кон модернизација и поефикасно олеснување на меѓународната трговија. Новата апликација за е-ATA Carnet ќе овозможува привремен увоз и извоз на стоки со истата функционалност како хартиениот карнет, без потреба од носење физички документи. Преку QR кодови и дигитални царински декларации, системот ќе придонесе за побрзо, побезбедно и поедноставно прекугранично движење на стоки.

Во пресрет на најавената нова фаза од страна на Меѓународната трговска комора, Стопанската комора на Северна Македонија, по примерот на останатите земји, е подготвена за започнување на процесот на воведување на е-ATA системот. Техничката подготовка е воспоставена, а Комората активно ги следи сите активности и насоки за имплементација, со цел да обезбеди навремена поддршка за деловната заедница и целосно усогласување со меѓународните стандарди.

Важно е да се нагласи дека за Северна Македонија ова не значи непосредно укинување на хартиениот ATA Carnet. Во транзицискиот период, кој согласно меѓународниот план ќе трае до крајот на 2027 година, односно до целосната транзиција на 1 јануари 2028 година, хартиениот и дигиталниот модел ќе коегзистираат. Тоа значи дека компаниите ќе продолжат непречено да ги користат постојните процедури, додека постепено ќе се воведуваат новите дигитални процеси.

За компаниите ова значи можност за навремено запознавање и подготовка за постепен премин кон побрзи и поефикасни постапки, подобра следливост на документите, намалување на административниот товар и усогласување со идните глобални стандарди во трговијата. Истовремено, транзицискиот период обезбедува сигурност и континуитет во работењето, без прекин на постојните процеси.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top