Бизнис

(Фото): Извозот е прв приоритет за домашната економија, рече Николоски

Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор, рече Николоски за проблемот на транспортерите. Се надева на трајно решавање на проблемот.

Владата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во Шенген зоната за транспортерите, Швајцарија прва ни подаде рака и ќе продолжиме да го решаваме ова прашање. Инвестициите во развој на транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 ги реализираме забрзано, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на “Форумот за глобална трговија и раст 2026” во организација на Швајцарската комора на Македонија.

  • „Извозот е приоритет, затоа што доколку се ограничиме само на она што е домашен пазар, тогаш далеку од биле, дури и од ова ниво на економски раст којшто го имаме сега, а секако треба и дополнително да растеме, затоа што ова е далеку од она што би сакале да го видиме. Така што, извозот е број еден  приоритет за домашната економија, нешто што многу го стимулираме, го поддржуваме како Влада. Драго ми е дека расте, драго ми е дека странските компании кои што имаат инвестирано, продолжуваат да растат. Исто така, доаѓаат и нови компании коишто сакаат да инвестираат, но она што ми е исто посебно драго е што домашните компании сè повеќе излегуваат на странскиот пазар. Очекувам далеку повеќе да растеме во следниот период” – истакна Николоски.

Тој додаде дека инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано и во комбинација со конкуретнице цени на услугите, Македонија бележи раст на економијата и извозот.

  • „Цената на горивото во Македонија е убедливо најевтина, не само во целиот регион, во цела Европа. Понатаму, цената на железничките услуги,  што ги дава Македонски Железници Транспорт, исто така се најевтини и најконкурентни во регионот. Така што, мислам дека наша задача во следниот период ќе треба да ги одржиме овие цени, имајќи предвид глобалните предизвици” – рече Николоски.

Владата останува силно посветена на поддршка на домашните но и на странските компании, дополнително на што треба да се работи, заклучи вицепремиерот Николоски е процесот на стандардизација за да се подигне нивното на конкуретност на странските пазари.

Најнови вести од: Бизнис

В среда продолжува Комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

АЕТМ: Половина од онлајн купувачите во Македонија плаќаат исклучиво во готовина при достава

Новата Анализа на плаќањето при достава и дигиталните плаќања во е-трговијата во Македонија за 2026, спроведена од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со поддршка на Visa и презентирана на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје, открива значителен јаз меѓу пристапот до платежни инструменти и нивната реална употреба.

Првата аукција на 30 ноември – Народна банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

MTEL им подарува SkyShowtime на корисниците – повеќе филмови, серии и забава

Од 16 ноември, корисниците што ќе склучат договор за mSAT, MOVE, mBOX или mCONNECT ќе добијат ваучер за пристап до SkyShowtime Standard пакетот без дополнителен надомест во текот на промотивниот период. Така ќе можат да уживаат во широк избор меѓународни филмови и ТВ содржини.

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

To top