Бизнис

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски направи споредба колку растеле платите во земјава во првите две години од мандатот на СРСМ и ДУИ и  првите две години од мандатот на сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Стојаноски, во пост на Фејсбук, вели дека за таа цел ги користел податоците за просечната нето-плата според Државниот завод за статистика.

Податоците, вели тој, покажуваат дека процентуалниот раст во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ е околу 75% повисок од процентуалниот раст во првите две години на СДСМ/ДУИ.

СДСМ – ДУИ:

– јуни, 2017 година: 22.808 денари → јуни 2019 година 25.205 денари.

Раст: +2.397 денари, односно околу +10,5%.

ВМРО – ДПМНЕ:

– јули, 2024 година: 40.961 денар → јули, 2026 година  48.499 денари.

Раст: +7.538 денари, односно околу +18,4%.

Апсолутната разлика во растот е:

– 7.538 − 2.397 = 5.141 денар.

  • Ако споредиме на просечно месечно ниво, просечната исплатена нето плата во времето на СДСМ/ДУИ растела 100 денари на месец, а за истиот период во време на ВМРО – ДПМНЕ 314 денари на месец. Односно, во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ – вели Стојаноски.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

To top