Бизнис

(Фото): Само во 2025. извозот на македонски производи преку „Лидл“ достигна 15,5 милиони евра

Свежото овошје и зеленчук се потврдија како еден од клучните извозни адути. Од вкупниот извоз преку Лидл, околу 5 милиони евра се однесуваат токму на оваа категорија. Извезени се 15 различни видови земјоделски култури од повеќе од десет домашни добавувачи, а најзастапени биле грозје, зелка, пиперка, моркови и домати. Овие производи имале добар пласман во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија и Чешка.

Извозот на македонски производи преку продажната мрежа на Лидл во 2025 година достигна 15,5 милиони евра, што претставува значителен раст во однос на претходните години. За споредба, во 2024 година извозот изнесувал 5 милиони евра, а во 2023 година само 570 илјади евра, што јасно го покажува растечкиот извозен потенцијал на домашните производи.

Најголем интерес на странските пазари имало за трпезното грозје, од кое се остварени приходи од 3,3 милиони евра, при што најголем пласман е реализиран во Полска. Значајни резултати се постигнати и со извозот на јагнешко месо во Бугарија, кој донел прилив од 2,2 милиони евра.

Свежото овошје и зеленчук се потврдија како еден од клучните извозни адути. Од вкупниот извоз преку Лидл, околу 5 милиони евра се однесуваат токму на оваа категорија. Извезени се 15 различни видови земјоделски култури од повеќе од десет домашни добавувачи, а најзастапени биле грозје, зелка, пиперка, моркови и домати. Овие производи имале добар пласман во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија и Чешка.

Во рамки на редовниот извоз, кој изнесувал околу 7 милиони евра, доминирале конзервираните производи со 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските и млечните производи, како и виното и пијалаците.

Комерцијалниот директор на Лидл Македонија, Стефан Георгиев, истакна дека компанијата гледа голем потенцијал во македонските производи и дека Лидл се позиционира како мост меѓу домашните производители и европските пазари, преку поддршка во сертификација, зголемување на производствените капацитети и унапредување на квалитетот.

Дополнително, преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во изминатите две години организираше 22 промоции во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи, со што домашните брендови стануваат повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.

Со отворањето на маркети низ целата земја, Лидл најавува уште посилна соработка со домашните производители и дополнителен поттик за извозот на македонските производи.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top