Бизнис

Француската криза може да се продлабочи во ЕУ

Франција, со национален долг од 3,35 трилиони евра (113% од БДП) и буџетски дефицит од 5,4-5,8%, е главен ризик за стабилноста на Еврозоната, пишува „Дојче веле“.

Frankfurt, Germany-August 16 : Euro Sign. European Central Bank (ECB) is the central bank for the euro and administers the monetary policy of the Eurozone. August 16, 2015 in Frankfurt, Germany.

Франција, со национален долг од 3,35 трилиони евра (113% од БДП) и буџетски дефицит од 5,4-5,8%, е главен ризик за стабилноста на Еврозоната, пишува „Дојче веле“. Економската криза во Париз може да го загрози еврото, а политичката нестабилност ја влошува состојбата, според „Политико“.

Имате моќ да ја соборите владата, но не и да ја избришете реалноста – рече Франсоа Бајру пред гласањето за недоверба на 8 септември, предупредувајќи дека францускиот долг станува неподнослив и сè поскап.

Франција е меѓу најзадолжените земји во ЕУ, надмината само од Грција и Италија по односот долг-БДП. Со годишни трошоци од 67 милијарди евра за камати, таа мора да го намали дефицитот на 3% за да ги исполни правилата на ЕУ. Но, мерките за штедење се политички непопуларни, а синдикатите закажаа генерален штрајк за 10 септември.

Еврозоната не е стабилна – вели Фридрих Хајнеман од Центарот Лајбниц, истакнувајќи дека политичката криза во Франција го влошува растечкиот долг.

Европската Комисија, според Хајнеман, придонела за проблемот со попустливост кон Франција, водена од страв од популистите.

Франција го искористи својот фискален простор, за разлика од Германија – додава тој, нагласувајќи ја потребата од реформи во социјалниот систем и намалување на трошоците.

Финансиските пазари се надеваат на интервенција од ЕЦБ, но Хајнеман предупредува дека таа надеж може да биде нереална. Каматните стапки на француските обврзници достигнаа 3,5%, наспроти 2,7% за германските.

Засега, проблемите се ограничени на Франција, но ако кризата се продлабочи, може да се прелее низ ЕУ – вели Ендру Канингем од „Капитал економикс“.

Политичкиот ќорсокак, со поделениот парламент и притисокот врз Емануел Макрон, ја комплицира ситуацијата. Дури и неговото заминување не би ги решило проблемите, бидејќи новите избори веројатно би донеле сличен хаос, анализира „Политико“.

Не сум видел толку неизвесност од 1968 – вели Ерик Шејн, поранешен економист во AXA, потсетувајќи на протестите од 1968 година.

Макрон, кој ветуваше економски реформи, се соочува со неисполнети очекувања и растечки притисок од популистите. Франција е пред ризик од целосна криза, а решението останува неизвесно.

Најнови вести од: Бизнис

Основната каматна стапка останува на нивото од 4% и покрај притисоците од надвор

Движењата во монетарниот сектор и натаму се солидни. Податоците за депозитите и кредитите на банките во февруари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките. Кредитната активност и натаму расте, но забавено, умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.

(Видео): Снабдувањето со нафта во Македонија е стабилно, немаме негативни очекувања, вели премиерот

Снабдувањето со нафта и нафтени деривати во Македонија е стабилно и нема да има ограничување на точење, како што најавија некои од земјите во регионот. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека потрошувачката на нафтени деривати е зголемена за повеќе од 10 проценти, со оглед на тоа што и граѓани на соседните држави полнат гориво на бензинските во пограничните места во Македонија, затоа што тука е поевтино, во некои случаи и за половина евро по литар.

(Видео): Централното банкарство во услови на постојани светски промени: Поттикнување стабилност, иновации и издржливост

Во своето обраќање, гувернерот Трајко Славески нагласи дека стабилизираната инфлација, солидните девизни резерви и стабилниот банкарски систем овозможуваат поголема отпорност и поголема можност за реакција на централните банки на нoвите светски предизвици.

Гувернерот Трајко Славески нема да поднесе оставка

Од Народната банка одговорија дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури и ги отфрлија тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери.

„Кит-Го“ маркетите одат во историја со досегашното име, ги презеде „Spar“

Spar интерес за влез во Македонија имаше и пред почетокот на ковид-пандемијата. Основан уште во 1932 година во Холандија, SPAR прерасна во глобален бренд присутен во околу 48 земји со преку 13.900 продавници ширум светот. Се издвојува од другите посебно по локалните адаптации на секоја продавница во заедницата каде што работи.. За разлика од големите централизирани синџири, SPAR функционира преку лиценцирани партнери и независни оператори, што значи дека секоја продавница е во состојба да одговори на специфичните потреби на својата локална популација.

Поради зголемената неизвесност на Блискиот Исток: Народна банка реши каматна стапка да остане непроменета

Народната банка нагласува дека надворешните ризици се особено изразени поради неизвесноста околу интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток.

To top