Бизнис

Гасниот интерконектор меѓу Србија и Македонија во функција во 2028 година

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ најави почеток на градежните работи годинава

За помалку од две години, од почетокот на 2028., ќе профункционира гасниот интерконектор меѓу Србија и Македонија, кој северниот македонски сосед ќе почне да го гради годинава, најави српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ.

Проектот е дел од пошироките напори за подобрување на енергетската безбедност во регионот, при што Србија, Грција, Македонија и Бугарија се подготвени да ја зајакнат својата соработка.

Планираниот капацитет на интерконекторот е приближно 1,5 милијарди кубни метри гас годишно. Тој ќе обезбеди дополнителен пат за снабдување на Србија, вклучувајќи пристап преку гасоводот ТАНАП и терминалите за течен природен гас (ЛНГ) во Грција.

Србија веќе резервираше 300 милиони кубни метри гас годишно на терминалот за течен природен гас во Александрополис за период од 10 години.

Белград, исто така, го нагласува својот напредок кон интеграција во европскиот пазар на електрична енергија, со цел да стане првата земја надвор од ЕУ што ќе му се придружи.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“

Најнови вести

To top