Бизнис

Главнината од тутунот е откупена – се стимулира тутунопроизводството, рече министерот за земјоделство

Откупот на тутунот од ланската реколта веќе привршува. Откупната кампања се проценува како успешна. И за откупувачите, и за тутунарите, а и за државата. До крајниот откупен рок на 28 февруари, остануваат за откуп уште 10% од вкупно планираните количини. Исплатата се врши во рок од 7 дена од предавањето и досега исплатени се 95,6%, уверува ресорниот министер кој денеска беше во обиколка на неколку откупни компании во прилепско.

Главнината од ланската реколта тутун е откупен, иако законскиот рок е до крајот на февруари. Откупувачите досега купија 25,3 милиони килограми тутун по просечна цена од 419,15 денари. Тутунарите предадоа род во вредност од 170 милиони евра и 95,6 проценти е исплатен, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по денешната обиколка на откупните пунктови и компании во Прилеп. До крајот на февруари ќе има отворени пунктови да се докупи родот.

  • Останува уште некоја количнина и, нормално, секоја компанија во секој регион ќе има отворено откупни пунктови до крајниот рок, 28 февруари, кога откупот завршува и законски. Сето она што ќе остане и е вредно за предавање, ќе биде откупено, рече Трипуновски.

Работна група ќе работи на постојниот Закон за тутун за, како што рече, допрецизирање на некои ситуации кои се увидоа во последната реколта, а тоа се: кога би бил почетниот, а кога крајниот рок за откуп, потоа околу улогата на Сојузот на земјоделските здруженија, околу преговорите за склучување нови договори, зашто по 28 февруари ќе следи склучувањето договори за новата реколта и затоа, пред тоа, сакаме во сила да биде таквиот закон.

  • Секое законско решение ќе биде во дискусија со сите страни кои учествуваат во процесот: Сојузот, кој ги застапува тутунарите, Министерството, откупните компании за тоа законско решение да биде прифатливо за сите, нормално, првенствено во интерес на тутунопроизводителите, речеТрипуновски.

Министерот за земјоделство анализира дека ланската реколта тутун количински и на засадените површини е поголема од претходната година. Реколтата ќе се заокружи на околу 25,7 милиони килограми. До почетокот на договарањата за новата реколта ќе бидат донесени измените во Законот за тутун и програмите за земјоделски развој за да се потврди финансиската помош на тутунопроизводството како значајна земјоделска гранка за производителите и за македонската економија.

  • Имаме сериозна посветеност на оваа земјоделска гранка која е важна и за тутунарите и за нашата економија. Да почекаме да видиме како ќе се одвива процесот со преговорите за годинашнава реколта. Јануари е месец на носење на програмите по кои работи Министерството за земјоделство, меѓу кои е и програмата за директни плаќања, програмата за рурален развој кои се во фаза на донесување. Пред десетина дена имав состанок со повеќето земјоделски здруженија и сојузи на кој разговаравме за нивните предлози. Штом програмите ќе бидат усвоени на владина седница, ќе ги презентираме, особено за начинот на финансиската поддршка на земјоделците, објасни министерот Трипуновски.

Според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија, се очекува Сојузот да биде рамноправен партнер со откупувачите и наскоро да се разговара за цените пред да се склучат договорите за новата реколта тутун, тоа што го бараат и производителите.

  • Ние не престануваме со разговорите и преговорите со откупувачите. Така, мора прво со нив да ги договориме цените, па потоа компаниите да излезат со склучувањето на договорите. Работната група што работи на Законот за тутун има новини кои треба да се внесат во Законот, па така без согласност на Сојузот да не може да се склучуваат новите договори за производство на тутун, рече Ристески.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top