Бизнис

Годинава се очекува огромно количество грозје, многу повеќе во однос на ланската берба

Оваа година очекуваме над 25 милиони килограми плус, за разлика од ланската берба, односно целата берба да биде некаде околу нешто над 100 милиони килограми грозје, што е значаен прогрес. Затоа што Министерството изминатиов период посвети сериозно внимание во делот на системите за наводнување што е круцијално во делот на производството на грозје од овој дел на нашата држава, истакна попладнево министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Оваа година очекуваме над 25 милиони килограми плус, за разлика од ланската берба, односно целата берба да биде некаде околу нешто над 100 милиони килограми грозје, што е значаен прогрес. Затоа што Министерството изминатиов период посвети сериозно внимание во делот на системите за наводнување што е круцијално во делот на производството на грозје од овој дел на нашата држава, истакна попладнево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Кавадарци, каде се одржува тридневната манифестација „Тиквешки гроздобер”.

  • Посакувам успешна манифестација што го отсликува почетокот на гроздоберот – бербата на винското грозје, односно грозјето од нашата позната Тиквешија. Ние како Министерство остануваме силно фокусирани да го враќаме квантитетот на производството на винско грозје од Република Македонија, рече министерот Трипуновски.

Како што соопшти тој, согласно податоците што ги има од Државниот инспекторат за земјоделство, заклучно со 4 септември, откупени се околу 30 милиони килограми, од кои 11 милиони црвено винско грозје, а остатокот е бело грозје што практично е собрано од винарските визби што се во регистерот. Тој рече дека неговата порака до земјоделците е дека Инспекторатот, Министерството и Владата во целина, ќе го следат секојдневно откупот на винско грозје за да се спречат какви било отстапувања од законските норми и прописи што важат.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев потсети дека Општина Кавадарци денеска ќе го прослави „Тиквешки гроздобер“ со традиционалниот тиквешки карневал, што се одржува повеќе од 64 години.

  • Ова е една од најстарите манифестации во Македонија, одразувајќи ги нашата култура и нашата традиција за одгледување винова лоза и правење вино и вински производи, посочи Јанчев.

Тој рече дека заедно со министерот ќе бидат присутни на карневалот, каде ќе гостуваат карневалски групи и од државава, но и од странство.

Најнови вести од: Бизнис

Под лупа над 800 продажни места, Инспекцијата со полни раце работа – Кој се го прекршил законот в очи празниците?!

Мицкоски најави дека на следната владина седница ќе го имаат извештајот и компаративната анализа и ќе резгираат врз основа на неа. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ за бензините и дизел од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која Регулаторната комисија за енергетика може да постапува.

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top