Бизнис

Грчкиот туризам со загуби од 15-20 отсто за Божик од земјоделските блокади

Најголема загуба од 50 отсто претрпеле туристичките работници во Магнезија, во централниот дел на Грција

Егејска Македонија, Тракија и Централна Грција се најголемите губитници досега за време на празниците поради откажувања поради тешкотии во пристапот, главно од патници кои доаѓаат од подалечни места, а предизвикани од блокадите на земјоделците.

Се проценува дека земјоделските блокади на национално ниво предизвикале загуби од 15-20 проценти во туризмот за божиќниот период, наспроти предвидувањата дека овогодишната празнична сезона ќе биде многу добра врз основа на резервациите.

„Штетата што е направена, е направена со откажувањата за Нова Година“, велат хотелиерите, надевајќи се на резервации и понуди во последен момент.

Стапките на загуби за периодот од почетокот на декември до Божик, кој во Грција се слави на 25 декември, се многу повисоки за групи, училишни екскурзии и конференции кои беа откажани, на пример, во дестинациите во Магнизија, во централниот дел на земјата, како што изјави претседателот на локалното Здружение на сопственици на хотели, Јоргос Зафирис. Таму, процентот на загуби во декември, пред Божик, достигна 50 отсто.

 

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top