Бизнис

Храната и пијалоците поевтинуваат, велат надлежните – граѓаните реагираат: Секој ден има нови повисоки цени

Министерството за економија и труд засега не гледа причина да реагира во однос на цените на храната затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Доколку има енормно зголемување на цените, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе реагираат и ќе се преземат мерки.

Во декември во делот на храна и пијалоци има намалување на цените, а истото е забележано и на почетокот на месецот јануари, поради тоа нема причина за некакви мерки. Ова го изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, одговарајќи на прашањето за мерките за намалувањето или стабилизирањето на инфлацијата. Наспроти ова, граѓаните, барем оние со поплиток џеб реагираат дека цените од ден на ден стануваат се повисоки, однсоно дека на рафтовите во дуќаните гледале залепени нови цени, повисоки.

Министерот вели ако има енормно зголемување на цените, како што имало во минатото, ќе бидат преземени мерки, но во овој момент, потенцира дека такво нешто не е потребно.

  • „Сега засега не гледаме причина за превземање на некакви мерки, ограничување на бруто профитна маржа или ограничување на цени. Секојдневно ја следиме ситуацијта, во комуникација сме со претставниците на ДПИ, ако има потреба, како што сме реагирале во минатото, така ќе реагираме и оваа година. Но, во месец декември, уште еднаш да потенцирам, во делот на храна и пијалоци, инфлацијата, односно цените се намалени за 0,4 проценти и убеден сум, верувам дека овој тренд оваа година ќе продолжи“, вели Бесар Дурмиши.

Министерот посочи дека ситуацијата се следи секојдневно во соработка со Државниот пазарен инспекторат, но во моментов нема енормни зголемувања кои би барале државна интервенција на пазарот.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top