Бизнис

Каде се сели дел од германската индустрија за да избегне ценовен пораз?!

Германските компании значително ги зголемиле инвестициите во Кина, додека вложувањата во САД нагло се намалиле во првата половина од годинава. Според анализа на Германскиот економски институт, компаниите од Германија инвестирале околу 5,6 милијарди евра повеќе во Кина во споредба со истиот период минатата година. Тоа претставува раст од околу една третина.

Германските компании вложија 5,6 милијарди евра во Кина во првата половина од годинава, покажува најновото истражување на Германскиот економски институт (IW). Тоа претставува скок од речиси една третина во споредба со истиот период лани. Германски капитал забрзано оди кон кинескиот пазар, иако официјален Берлин со месеци повикува на намалување на зависноста од втората светска економија. Податоците на институтот IW, извлечени од евиденцијата на германската централна банка Бундесбанк, откриваат дека вкупната сума е блиску до високите просеци забележани меѓу 2020 и 2025 година. Економистите предупредуваат дека индустријата едноставно мора да го следи капиталот онаму каде што трошоците се подносливи.

  • „Германските компании практично немаат друг избор освен да продолжат да вложуваат во Кина“, изјави економистот на институтот IW, Јирген Матес.

Тој наведе дека кинескиот пазар одамна не е само продажна дестинација, туку главен тест за издржливост на германскиот бизнис. Причината за ваквиот егзодус на капитал лежи во државната интервенција на Пекинг. Кинеските власти со директни буџетски субвенции и со вештачки низок курс на јуанот ги рушат цените на глобалниот пазар.

  • „Кој сака да опстане во жестоката светска битка со цените против кинеските ривали, мора таму да произведува повеќе. Мора директно да извлече корист од тој искривен пазарен натпревар“, рече Матес.

Префрлањето на производните линии на илјадници километри на исток носи директни последици за германската економија. Со секој нов отворен погон во Азија, матичната индустрија во Германија губи добро платени работни места и индустриски капацитет. Матес посочува дека овој тренд ја празни германската база на вработеност и побара Европската унија поостро да ги казни кинеските нефер пазарни практики.

Овој инвестициски скок се прелева и врз македонската индустрија. Голем дел од фабриките во слободните технолошки зони во Скопје, Штип и Битола се добавувачи на германските авто-гиганти. Ако германските компании за производството на делови за новите генерации возила трајно ги преселат во Кина, нарачките за македонските погони стануваат директно ранливи на тоа преструктурирање.

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Најнови вести

To top