Бизнис

Компаниите ќе ги добијат парите од солидарниот данок, вели Владата

Министерството за финансии, како што објави министерката Гордана Димитриеска Кочоска, постапува по задолжение на Владата за решавање на состојбата со компаниите кои уплатија средства врз основа на Законот за солидарен данок.

Various different Euros background

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на Буџетот до компаниите е доставена фер понуда за начинот на враќањето на солидарниот данок што го воведе претходната влада, но Законот за оваа давачка беше поништен од Уставниот суд. До компаниите е доставен предлог исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати – во март 2026 и март 2027 година. Доколку правните лица не се согласат, ќе се изнајде друг соодветен модел на повеќе рати (до пет), со почеток од март 2026.

Мицкоски, во одговор на новинарско прашање, денеска рече дека има компании што прифаќаат и поинакви услови и оти се различни впечатоците. Изрази жалење што, како што рече, „поради законодавството и актуелната гарнитура во Судскиот совет и во Обвинителството не одговраат тие што душмански трошеле народни пари“.

– Да, изминатиот период се преговараше и се остварија состаноци со голем дел од компаниите. Таква била среќата јас би рекол и покрај тоа што тогаш од опозиција најголем дел од јавноста апелираше да не се однесуваат така насилнички како што се однесуваше претходната Влада и антиуставно и спротивно на закон, тие не слушаа. Мене ми е жал што ни е такво законодавството и оваа гарнитура во Судскиот совет и Обвинителството која не повикува никого на одговорност. Та се сепак народни пари, ваши пари, вие ќе треба да ги враќате парите што некој ги трошел на незаконски и неуставен начин, рече Мицкоски.  

Направивме, дополни Мицкоски, проекција како да не биде загрозена ликвиодноста на Буџетот и мислам дека понудата којашто е дадена е фер.

– Има, нормално, компании што прифаќаат и поинакви услови, и кои што негодуваат, различни се импресиите и впечатоците, но генерално можам да кажам дека состојбата е таква, да тоа што го направи минатата влада на СДСМ и ДУИ на незаконски начин и неуставно ќе треба да го врати оваа Влада и жалам што тие што го направија тоа не одговараат пред законот бидејќи  душмански трошеа народни пари, рече Мицкоски.

Министерството за финансии, како што објави претходно ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, постапува по задолжение на Владата за решавање на состојбата со компаниите кои уплатија средства врз основа на Законот за солидарен данок.

– До компаниите е доставен предлог исплатата да се изврши во две рати – во март 2026 и март 2027 година. Доколку правните лица не се согласат, ќе се изнајде друг соодветен модел на повеќе рати (до пет), со почеток од март 2026. Во моментов тече процесот на прибирање на одговори од компаниите. Министерството ќе ги разгледа и ќе ја информира Владата за постигнатите резултати, со цел започнување на постапката за враќање на средствата, напиша Димитриеска Кочоска во објава на Фејсбук.  

Во 2023 година, 156 компании уплатија над 3 милијарди денари по основ на Законот за солидарен данок, а Уставниот суд на 5 февруари годинава донесе одлука да го поништи Законот за данок за солидарност.

Според Уставниот суд, Законот не ја гарантира правната сигурност на субјектите кои се опфатени со него. Со впуштање во уредување односи коишто претходно веќе биле уредени и завршени, Судот утврдил дека се создава правна несигурност за даночните обврзници и нивните легитимни очекувања, а со тоа и повреда на владеењето на правото и на уставно загарантираното право на сопственост кое е неприкосновено. Правата што произлегуваат од него никој никому не може да ги одземе или ограничи.

– Според содржината на член 2 од Законот, причините за воведување на данокот се непредвидливи и неповолни економски околности во државата, што според Судот се нејасни критериуми. Во истата одредба, како „оправдување”  на солидарноста, се појаснува дека Законот се заснова на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност според кои секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности, наведе Уставниот суд.

Најнови вести од: Бизнис

Инвестиции во туризмот и отварање нови авиолинии, Николовски на средба со „Корендон“

Македонија е интересна дестинација за инвестиции во туризмот и отворање нови авиолинии е заклучокот на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николовски по средбата со представниците на „Корендон“ една од најголемите групации во Европа. На состанокот се разговарало за можностите за нови инвестиции, развој на авиосообраќајот и унапредување на туризмот во Македонија.

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финансиски професионалци

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Во Македонија не се искористува ниту приватниот капитал од инвестиција како Иловица

Во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10.000 тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години.

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

To top