Бизнис

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

За граѓаните во Европската Унија купувањето производи преку кинески платформи за продажба од денеска станува уште поскапо. Откако на 1 јули беше воведена привремена давачка од три евра за пратки под 150 евра од земји надвор од ЕУ, сега пристигнува нова такса за царинска обработка од две евра. Станува збор за посебна такса што се додава на постојната царинска давачка од три евра.

Во пракса, ова значи дека нарачувањето мали артикли од Кина станува значително поскапо од порано. Во примерот на артикл што чини 10 евра, купувачот ќе мора да плати три евра фиксна царинска давачка, две евра нови такси за ракување и ДДВ, доколку данокот веќе не е вклучен при купувањето во онлајн продавницата, покрај основната цена.

Вкупниот износ драстично се зголемува ако во истиот пакет се нарачаат неколку различни артикли, бидејќи царината и таксите се пресметуваат за секој вид стока одделно. Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл. Почнувајќи од недела, ќе се додаваат две евра царинска такса за секој артикл, што е дополнителни осум евра. За четири различни артикли, купувачот автоматски плаќа 20 евра данок на државата, без оглед на тоа колку чинат самите артикли, пренесува Вијести.ба.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

Камата 4,6%, рок до 1 декември – Граѓаните можат да запишат обврзници од 10.000 денари

Четвртата емисија на Граѓански обврзници предвидува каматна стапка од 4,6 отсто и рок на достасување од две години. Запишувањето се врши во деловните банки, а аукцијата е закажана за 3 декември.

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, во угостителството само 35.447 денари – на што се должи тоа?!

Растот на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

Басани од Светска банка: Народна банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите.

“Комерцијална” влегува во трка за купување на „Алта банка“

Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Доколку акциите не се продадат, предвидени се дополнителни аукции на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, при што почетната цена на секоја следна аукција ќе се намалува за 10 проценти во однос на претходната

To top