Бизнис

Македонија трета во Европа по најниска цена на бензинот – каде се точи најскапо?!

И покрај поскапувањто, Македонија со просечна цена од 1,699 евра има најевтин дизел.

Македонија, според платформата fuel-prices.eu/live, со просечна цена од 1,610 евро за литар бензин е трета во Европа по најниска цена на горивата. Пред неа се Турција со цена од 1,477 евра за литар и Шведска со цена од 1,575 евра. Како што објави Плусинфо, меѓу десетте земји со најниски просечни цени на бензинот се Босна и Херцеговина со цена од 1,641, Молдавија (1,698), Цена Гора (1,720), Андора (1,732), Хрватска (1,748),Србија (1,763) и Словенија со цена од 1,766 евра за литар.

Најскап бензин се точи во Холандија (2,449 евра), Данска (2,378 евра) и во Финска со просечна цена од 2,364 евра. Од соседството најскапо гориво има Грција каде што просечната цена на бензинот е 2,203 евра.

Во однос на цените на дизелот платформата fuel-prices.eu/live, Македонија со просечна цена од 1,699 евра има најевтин дизел. Турција има цена од 1,714 евра за литар дизел, Молдавија (1,828), Босна и Херцеговина (1.892), Црна Гора (1,900), Хрватска (1,921), Србија (2,010), Словенија (2,031 евро), Грција (2,229).

Од европските земји и Шпанија има меѓу пониските цени на дизелот 1,930 евра. Во Данска се точи најскап дизел во Европа. Таму литарот чини 2,532 евра. Во Франција дизелот се точи за 2,387 евра, а во Италија за 2,345 евра. Во Велика Британија дизел има цена 2,307, бензинот 2,019 евра.

За Европа алтернативите се скапи, а изгледите за поевтини горива се лоши

Врз цените на горивата големо влијание во текот на изминатите месеци има кризата на Блискиот Исток која почна во февруари, но и напорите на Еврпската Унија да се придржува кон санкциите кон Русија кои предвидуваат целосно ослободување од руските енергенси.

Дополнителен притисок врз цените на горивата во Европа предизвикува и најавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека ќе го запре извозот на дизелот на 90 дена. Посебен проблем предизвикаа и нападите на Украина врз руските рафинерии како и нападите на врз големи рафинерии во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, поради што производството беше прекинато или намалено. Запирањето на извозот на нафта од Саудиска Арабија поради оштетениот нафтовот исто така предизвика недостиг од горива во светски рамки.

Поради нарушеното снабдување со сурова нафта од земјите од Заливот, рафинериите се принудени да бараат алтернативни извори или да плаќаат повеќе за обезбедување на суровината. Нарушувањата влијаат и врз снабдувањето со веќе рафинирани производи, како дизелот и авионското гориво. Тоа ги зголемува рафинериските маржи и создава дополнителен притисок врз цените на горивата.

Единствен излез од состојбата е завршување на конфликтите. Американскиот претседател изјави дека е можно завршување на конфликтот на Блискиот Исток по ноемвриските избори во САД. Тоа ги урива надежите дека цената на нафтата и дериватите до крајот на годината ќе се стабилизира.

Цената на нафтата со месеци варира

Цената на суровата најфта веќе со месеци вари меѓу 95 -110 долари за барел зависно од случувањата и изјавите на челниците вклучени во конфликтите. Денеска цената на суровата нафта „брент“ падна на 105 долари за барел, прекинувајќи го дводневниот раст поради извештаите дека САД и Иран размислуваат за фазен договор што би можел повторно да го отвори Ормускиот Проток и да ја укине блокадата на САД врз иранските пристаништа.

На маргините на Генералното собрание на ОН, наводно, се во тек напори за постигнување пробив, а катарските претставници посредуваат во разговорите. Иран тврди дека мора да ја задржи контролата врз Ормуз и дека нема да прифати договор освен ако САД не го намалат воениот притисок и не ја отстранат блокадата.

Во меѓувреме, официјален претставник на Белата куќа изјави дека претседателот Доналд Трамп останува отворен за разговори со Иран, но нагласи дека САД немаат голема потреба да преговараат со оглед на нивната силна позиција по кампањата за санкции и блокадата. На други места, тензиите на Блискиот Исток ескалираа откако милитантите Хути во Јемен, поврзани со Иран, лансираа ракети кон саудиските градови, вклучувајќи ги Јанбу и Таиф.

Цените на Брент се на пат да пораснат за повеќе од 2% за оваа недела.

Што можат да очекуваат македонските граѓани?

Македонија која нема сопствено производство на нафта, ниту деривати е принудена да се прилагодува на светските случувања во снабдувањето со нафтени деривати. Досега владата преку одредени мерки успева да ја задржи цената на горивата на ниво кое можат да го издржат граѓаните. Владата, според изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, и во следниот период планира да ги задржи цените на горивата на ниско ниво за да го заштити стандардот на граѓаните.

Најнови вести од: Бизнис

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

(Фото): Гувернерот и министерката за финансии а средба со високи претставници од Светската банка

Продолжувањето на ова партнерство претставува важна поддршка за натамошниот развој на финансискиот систем во нашата земја, зголемувањето на неговата отпорност и поефикасното поврзување со европската и регионалната финансиска инфраструктура.

To top