Бизнис

Македонија во светскиот врв според брзината на мобилниот интернет

Врз основа на брзината на „симнување“ содржини со мобилен уред, Македонија се наоѓа на 13. место во светот

Македонија се наоѓа на 13. место во светот според брзината на мобилниот интернет, покажуваат податоците на специјализираната вебстраница „Спидтест.нет“ (Speedtest.net).

Просечната брзина на „симнување“ (даунлодирање) со мобилен уред измерена од сајтот во Македонија е 177,08 мегабајти во секунда.

Освен Бугарија, која е четврта со 267,37 Мбпс, и 12. Данска со 183,87 Мбпс, сите други членки на Европската унија имаат побавен мобилен интернет од Македонија, како и сите земји од регионот.

Убедливо најбрз мобилен интернет во светот имаат Обединетите Арапски Емирати од 672,68 Мбпс, втор е Катар со 542,56 Мбпс, а трет Кувајт со 398,66 Мбпс.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top