Бизнис

Македонија водечка земја во регионот според растот на инвестициите

До компаниите досега стигнаа околу 225 милиони од вкупно 250-те милиони евра од унгарскиот кредит, кој би требало сосема да се исцрпи во првото годинешно тримесечје, изјави премиерот Христијан Мицкоски, задоволен од начинот на кој средствата се искористени.

Владата е задоволна од искористеноста на средствата од унгарскиот кредит наменет за поддршка на домашните компании, смета премиерот Христијан Мицкоски. Од предвидените 250 милиони евра, досега, преку Развојната банка, на компаниите им се префрлени околу 225 милиони евра.

  • Тоа е кредит што условно го субвенционира Владата, со каматна стапка од 1,95 проценти, три години грејс-период и рок на отплата до 15 години. Очекувам уште во првиот квартал од оваа година целосно да биде исцрпен, заедно со сопствените средства што ги вложуваат банките во развојните проекти на компаниите, како поддршка на стопанството и на економијата – рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Македонија е водечка во регионот во делот на инвестициите, со раст што достигнува двоцифрен број проценти.

  • Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па и во целата 2025 година, е двоцифрен број проценти, споредено со тој период во рамките на еврозоната, кој е два-два и пол проценти, јас сум навистина задоволен од начинот на кој се искористени овие средства – додаде Мицкоски.

Тој истакна дека Владата ќе продолжи да го поддржува развојот на домашните компании и проекти што одговараат на потребите на граѓаните, со цел унапредување на економскиот раст и подобрување на условите за инвестирање во земјава.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top