Бизнис

Место за паника нема, преку различни мерки ќе се регулира цената на енергенсите, вели Ристески

Во вакви ситуации, укажува дека поранливи се секако покревките економии како што е нашата и вели дека Министерството за економија и труд, и покрај конфликтот со Иран, прави максимални напори цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, посебно на основните производи за живот на граѓаните.

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергенсите во формулирањето на цените на останатите производи. Во интервју, Ристески истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a доколку не се прошири конфликтот ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата.

  • Воениот конфликт во Иран навистина прави тектонски потрес во економијата во светски размери, бидејќи Иран е еден од главните играчи во производството и дистрибуција на нафта во светот. Ние сме мала увозно зависна држава, посебно увозно зависна од различни енергенси, нафта. Сметаме дека можеби ќе има некое влијание сето ова, меѓутоа да оставиме како ќе се одвиваат понатаму процесите околу воениот конфликт, сметајќи дека брзо ќе биде завршен. Доколку не, тогаш она што ќе биде како светска политика во надминувањето на таа криза ќе треба и ние да го прифатиме со одредено адаптирање на нашата економија со цел да имаме помал удар врз зголемувањето на енергенсите во формулирањето на цените на производите – домашните производи, увозните производи, оние коишто ги извезуваме од Македонија, вели Ристески.

За идните влијанија од конфликотот врз македонската економија, како што рече, се разговарало и на вчерашната седница на Советот за безбедност и најавува дека на јавноста навремено ќе и бидат соопштени идните чекори.

  • Засега би упатил смирување до граѓаните – нема потреба од одредена паника. Ќе гледаме преку различни мерки понатаму кои ќе следуваат да се регулира цената на енергенсите којашто е еден од главните инпути во составувањето на цената на производите со цел да не се создаде поголема инфлација, раст на цени и поткопување на животниот стандард на граѓаните и нивната куповна моќ. Како Министерство за економија и труд, исто така и Владата, будно ја следиме состојбата и јавноста навреме ќе биде известена за сите мерки кои ќе ги преземеме,  рече Ристовски.

Во вакви ситуации, укажува дека поранливи се секако покревките економии како што е нашата и вели дека Министерството за економија и труд, и покрај конфликтот со Иран, прави максимални напори цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, посебно на основните производи за живот на граѓаните.

  • Преку редовните контроли на Државниот пазарен инспекторат, преку влијанието на Комисијата за заштита на конкуренција, која исто така ревносно работи околу сузбивањето на нефер трговии кои беа предвидени во Законот за забрана на нефер трговски практики, преку зголемена транспарентност на цените на маркетите и другите владини политики, како што се поголемите инвестиции, подобрување на економската состојба, постепено зголемување на платите на граѓаните, очекуваме да имаме стабилизирачка година. Инфлацијата да се доведе на минимално ниво, од 2,5 до 3 проценти е предвидувањето и на Народна банка и на Владата и мислам дека сме на добар пат и последниот месец имаме благо намалување на инфлацијата од 0,7 проценти. Се надевам дека во наредниот период ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата доколку не се прошири воениот конфликт каде што не можеме да влијаеме, и оти оваа граница на европска висина на стандард, на инфлацијата, бидејќи блага инфлација значи и развој на државата од околу 2,5 до 3 процент што е и економски оправдано, ќе гледаме да ја задржиме во наредниот период и со тоа да го заштитиме животниот стандард на граѓаните нормално, вели заменик-министерот за економија.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top