Бизнис

Мицкоски: Проектите во железничката инфраструктура бележат значителен напредок

Фокусот е ставен на Коридорите 8 и 10

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со текот на модернизацијата на железниците, изјави дека проектите во железничката инфраструктура бележат значителен напредок, при што фокусот е ставен на Коридорите 8 и 10, модернизацијата на постојните пруги и развојот на нови, побрзи железнички линии.

„Што се однесува до проектите во железницата, јас можам да кажам дека сум исклучително задоволен како напредуваат. Ќе ве потсетам дека, по оној застој којшто беше со делницата три од Коридорот осум и пругата којашто ги поврзува конкретно Куманово со Крива Паланка, и граничниот премин со нашиот источен сосед Бугарија, и оние првични, би рекол, неусогласености се надмина. Потпишавме договор со нашиот источен сосед, Брисел излезе со поддршка во делот на изградбата на оној тунел којшто треба да ги поврзува двете пруги, односно пругата од кај нашиот источен сосед и нашата пруга, и очекувам дека оваа година полека, но сигурно, ќе биде објавен тендерот за изработка на таа, условно наречена, делница три. Бидејќи првата, од Куманово до Бељаковце, таа ја пуштивме, втората, која што се работи од Бељаковце до Крива Паланка, и третата, од Крива Паланка до влезот на тој тунел. Тој е проект кој што го движиме.

На мојот последен состанок во Брисел, на тој работен дел и на неформалниот дел, побарав средства со коишто ќе се модернизира пругата, практично која што е исто така дел од Коридорот осум, којшто го поврзува Скопје и Кичево, во делот на промена на шини и во делот на електрификација на истата“, рече премиерот.

Премиерот истакна дека се развива проектот за брзата пруга од Коридорот 10, којашто треба да ги поврзе Табановце – Богородица. Таму патничките возови ќе се сообраќаат со брзина до 200 км/ч, додека товарните до 120 км/ч. Не ја исклучи и вредноста и придобивките од проектот „градски воз“.

„Истовремено го развиваме и проектот за брзата пруга од Коридорот 10, којашто треба да ги поврзе Табановце и Богородица. Таму патничките возови ќе се сообраќаат со брзина до 200 км/ч, а товарните до 120. Ќе биде на два колосека. Таа дел од проектот со Обединетото Кралство. Се разработуваат веќе физибилите студиите и студијата за социо-економско влијание на средината, би рекол и влијание врз еколошките параметри. Очекувам тоа да биде завршено до крајот на летото и веќе од есен да почнеме полека, но сигурно, да зборуваме за камен-темелник.

Во меѓувреме имавме повик со којшто бираме финансиер. Имаме една понуда којашто е не обврзувачка, која што е апроксимативна. Допрва ќе почнеме во разговори и преговори за деталите, но потребни ни се параметрите од овие физибилити студии за коишто претходно зборував. Така што очекувам и овој проект да се задвижи. И истовремено напредува таканаречениот „градски воз“, проект вреден, во првата фаза, од шест милиони евра, околу 360 милиони денари, со коишто од источниот крило од главниот град, со електрична локомотива, односно со електричен воз, ќе се пристигнува до центарот на градот. Пред некој ден потпишавме договор за набавка на пет електрични локомотиви, во вредност од 21 милион евра“, објасни премиерот.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top