Бизнис

Минималецот најверојатно ќе чека „минимално“ покачување до март в година

Мора сега и веднаш да се зголеми минималецот, сметаат дел од синдикатите, додека работодавците стравуваат дека тоа ќе доведе од „урамнување“ на платите и демотивација на добрите работници. За власта нема оправданост од вонредно зголемување на минималецот и очекува намалување на инфлацијата.

Стопанството бара работник повеќе, а тие пак, некој денар плус. Никако да се најдат на „пола пат“. Дел од бизнис заедницата смета дека за да има поголема минимална, но и просечна плата, мора да се подобри продуктивноста на работниците. Првиот човек на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски смета дека не се точни податоците од истражувањето на Виенскиот институт и на здружението за истражување и анализи ЗМАИ каде беше утврдено дека македонскиот работник е 53 отсто од продуктивноста на европскиот, но со просечна плата која е само 30 – тина отсто од европската.

  • „Значи не е релевантно тоа. Има многу јасни показатели кои што утврдуваат некои други бројки… Јас го говорам тој праг на граница преку кој не може да се оди. Затоа што не може компаниите да дојдат во ситуацијата да се загрозат нивното опстојување, нивната безбедност, практично на некој начин. Затоа и се случува ситуација дека почнуваат да барат работници надвор од далечните источни земји. Имаме веќе, сметам дека е околу 10.000 луѓе кои што се од далечните земји веќе вработени во нашата држава.“, рече Горан Ѓорѓиевски.

Во моментов, минималната плата изнесува 24.379 денари, а се најави дека од наредниот март таа законски ќе се усогласи и ќе се зголеми за некаде околу 2.000 денари. За да биде 30 илјади, ќе треба договор на Економско – социјалниот совет.

Од регионот, Србија во октомври вонредно ја зголеми минималната плата на 500 евра, со најава дека од 1 јануари со редовно зголемување таа ќе изнесува 551 евро. Албанија исто така најави 500 евра минималец од следната година, а зголемување од моменталните 350 на 425 евра од јануари и на 500 евра од јули очекува и Косово. Во Босна и Херцеговина веќе имаше покачување на минималецот на 511 евра од јануари 2025, додека во ентитетот Република Српска тој изнесува 459.

Најнови вести од: Бизнис

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците – Кај кредитите просекот е двојно повисок

Во јануари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата оствари месечен раст од 0,29 п.п. и изнесува 4,67%. Зголемувањето произлегува од повисоките каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута, при забележан пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула.

Од 1 март побезбедни онлајн плаќања, банките „го стегаат каишот“

Од први март банките го менуваат начинот на верификација на онлајн – плаќањата за поголема безбедност. Наместо ОТП под преку СМС, трансакцијата ќе се потврдува преку мобилна апликација на банката, со пин, или со биометриски податок. Тоа треба да ја зголеми безбедноста и да ја намали шансата за измами и кражби од платежни картички.

Државната статистика забележува голем раст на превезената стока во товарниот сообраќај

Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23,7% во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4% и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10.

„Алкалоид“ ќе исплати за 14,3% поголема дивиденда во однос на лани

„Алкалоид“ АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. „Александар Македонски“ бр. 12, Скопје, Македонија.

Димитриеска-Кочоска: Половина од уплатените средства за солидарниот данок ќе ги вратиме во март

Пред пратениците во македонското Собрание министерката потсети дека Законот за данокот на солидарност беше донесен во 2023 година и дека на 5 февруари 2025 година Уставниот суд го поништи, со што се создаде ситуација во која преку неуставен закон се собрале средства, средствата се потрошени, а денес оваа Влада ги враќа.

To top