Бизнис

Мицкоски најави поевтин дизел за 6 до 6,5 денари по литар

Цената на бензините ќе остане иста или поголема за 0,5 денари, очекува претседателот на Владата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата утре ќе одржи онлајн седница, на која ќе се разгледуваат мерките за формирање на цените на горивата, притоа изразувајќи очекување дизелот да поевтини за 6 до 6,5 денари по литар, а цената на бензините да остане иста или да се зголеми за 0,5 денари по литар.

„Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно втората половина од мај, и како се движеа цените изминатава недела, очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат и кај нас. Односно, досега повластената стапка за бензините од 10 да се врати на 18 проценти, а во делот на акцизите ќе остане намалувањето од два денара по литар за дизел и за безоловните бензини 95 и 98 октани, бидејќи просекот во втората половина од мај на дизелот и на безоловните бензини се движеше меѓу 1.000 и 1.200 долари за барел. Преговараме со ‘Окта’ да видиме како ќе биде. Можеби од таму да добиеме дополнителен попуст барем за првата половина на јуни. Кога ќе ги имаме предвид сите овие мерки, тогаш очекувам цената на бензините да остане иста или да има мало зголемување од половина денар, а дизелот да поевтини околу 6 и пол денара, 6 до 6,5 денара. Приближно ова се бројките кои нашите калкулации ги кажуваат, а ќе видиме како ќе направи пресметка регулаторното тело“, изјави претседателот на Владата, нагласувајќи дека и со новите цени на нафтените деривати Македонија ќе продолжи да има најевтини горива во регионот.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top