Бизнис

На што се должи падот на невработеноста во Македонија?!

Бројот на невработени лица во второто тримесечје од 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со првото тримесечје од 2025 година, додека за 7,2 % е намален во споредба со истото тримесечје од минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на невработени лица во Македонија во второто тримесечје од 2025 година изнесувал 91.337, што е намалување за 1,3 проценти во споредба со првото тримесечје од 2025 година и за 7,2 проценти во споредба со истото тримесечје од минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Стапка на активност изнесува 52,2 проценти, стапката на вработеност 46,2 проценти, стапката на невработеност 11,5 проценти.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 65,5 %, а жени 34,5 %. Бројот на вработени лица бележи намалување од 0,1 %. Од вкупниот број вработени,  57,2 % се мажи, а 42,8 % се жени. Учеството на неформалната вработеност се зголемува.

Неформално вработени лица се 98 095, што е за 8.5 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 51.4 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.1 % во секторот Градежништво.

Главни поенти

Активно население: 792 746 лица

Вработени: 701 369 лица

Невработени: 91 377 лица

Стапка на активност: 52,2

Стапка на вработеност: 46,2

Стапка на невработеност: 11,5

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top