Бизнис

Народна Банка: Српската лиценца на Алта Банка не влијае на македонската Алта Банка

Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола.

Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка.

Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации. Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци.

Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите.

Еспертите сметаат дека состојбата е плод на политички притисок
Нема потреба за вознемиреност, смета експертот

Алта банка е македонска банка под надзор на НБРМ, објаснува експертот Гацов

Најнови вести од: Бизнис

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

Министерство за енергетика: Повеќе од двојно e зголемена наплатата од концесии

Преземаме конкретни мерки за повисоко вреднување на природните ресурси, доследно исполнување на концесиските обврски и поефикасен надзор во рударството. Зголемени се концесиските надоместоци, наплатата во 2025 надмина 1,2 милијарди денари, евидентирани се 53 раскинати концесиски договори, а во 2026 инспекцискиот капацитет е зајакнат со тројца дополнителни инспектори, соопшти Министерството за енергетика.

Зошто знаеме да кажеме: Штедам за „црни денови“, кога секој денар на страна е добивка за убав живот

Штедливоста и рационалниот однос кон парите без оглед на длабочината на џебот, се сметаат за карактеристична особеност на македонските домаќинства. За оваа, веќе традиционална претстава, има и официјална потврда. Парите во банките растат. На личните сметки од граѓаните има 7,51 милијарда евра.

СЕПА: Заштеди од 5 милиони евра, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите, вели Величковски

Вицегувернерот Величковски порачува дека преминот кон инстант плаќањата и усогласувањето со европските регулаторни стандарди не претставуваат само реформа на финансискиот сектор, туку стратешки чекор кој овозможува побрз економски раст и подлабока интеграција на земјата во европските и глобалните текови.

To top