Бизнис

Николоски: Потребно е ЕК да имплементира мерки што ќе обезбедат непречена работа на транспортните компании

Надминување на проблемите со кои се соочуваат транспортерите во земјите на шенген-зоната, како и изнаоѓање долгорочни решенија за превозниците

Надминувањето на проблемите со кои се соочуваат транспортерите во земјите на шенген-зоната, како и изнаоѓање долгорочни решенија за превозниците, беше тема на разговор на денешниот конференциски состанок на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за внатреши работи, Панче Тошковски, и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, со претставници на Европската комисија, како и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти.

На состанокот, како што информираат од Министерството за транспорт, беа вклучени и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и евроинтеграции од земјите од Западен Блакан – Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

– Николоски ја поздрави иницијативата на ЕК за надминување на проблемот и преку аргументирани факти го истакна ставот на Владата преку кој се бара соодветно решение за овие категории на работници поради потребата од извршување на работните обврски во рамките на земјите од шенген-зоната. Во очекување на трајно решение Николоски додаде дека е потребно Европската комисија реално да го идентификува проблемот со транспортниот сектор и непречениот транспортен тек и најбргу што може да имплeментира соодветни мерки, кои ќе обезбедат предвидливост и непречена работа на транспортните компании што работат во меѓународниот патен сообраќај – соопшти Министерството.

Претставниците на Европската комисија, се вели во соопштението, ја потврдија новата визна стратегија на ЕУ, во која превозниците се прифатени како професионалци, и беше истакнато дека ја разгледуваат можноста оваа категорија на работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите.

На состанокот е потврдено дека биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од/во земјите од шенген-зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година.

Во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво, која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво.

На состанокот, додаваат од Министерството за транспорт, ЕК ги потенцираа важноста на транспортниот сектор и влијанието врз целокупната економија и најавија целосна посветеност во изнаоѓање трајно прифатливо решениe, кое е во интерес на сите засегнати страни. Исто така, беше потенцирано дека ова е многу важна тема за Европската Унија и во наредниот период ќе се продолжи комуникацијата меѓу сите засегнати страни.

Владата веќе изрази целосна поддршка на превозниците и ги презема сите мерки што ѝ стојат на располагање во насока на изнаоѓање прифатливо решение со цел да се овозможи непречена работа во рамките на меѓународниот патен сообраќај.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

Најнови вести

To top