Бизнис

Николоски: Во Тетово инвестираме преку 430 милиони денари

Тетово доживува инфраструктурен бум

Тетово доживува инфраструктурен бим и тоа е за секоја поддршка и за секое поздравување, само преку програмите кои што одат преку министерството за транспорт досега има реализирано или реализира проекти од 428 милиони денари што е исклучително добра сума, а она што е уште побитно е исклучително високиот степен на реализација на истите, изјави денеска при посетата на оптина Тетово вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот му честиташе на Касами за сработеното притоа потенцирајќи дека ретко која општина во државата може да се пофали со толкав голем број на реализирани проекти, при што соработката и поддршката ќе продолжи и во следниот период.

-Веќе поразговаравме за некои следни проекти, а ќе продолжиме тоа да го правиме и во следниот период и заеднички да работиме. Исто така работиме на поширокото инфраструктурно поврзување. Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар, тоа е автопат кој што го започна оваа Влада, решени се сите прашања со експропријација, сега се решаваат прашањата кои се поврзани со дислокација водови, исто така не сакаме да го отсечиме населението од едната ио другата страна на автопатот и затоа се работат натпатниците, односно мостовите и доколку продолжиме со оваа динамика веќе следната година ќе ги видиме првите завршени километри, а до крајот на 2028 година целосно ќе биде завршен автопатот од Тетово до Гостивар и тоа е нешто на што особено сум горд. Исто така она што сакам да го кажа е заедно со ЕУ во рамките на Планот џза раст веќе интензивно работиме на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза со Кичево, Охрид, Струга и Република Албанија, истакна Николоски.

 

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top