Бизнис

Новогодишен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван на Државна лотарија

Започна празничниот караван „JINGLE BETS“ МЕГАВИН, кој носи новогодишна магија и забава во повеќе градови низ Македонија

Започна празничниот караван „JINGLE BETS“ МЕГАВИН, кој носи новогодишна магија и забава во повеќе градови низ Македонија.

Со овој забавен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван, полн со интерактивни игри и подароци, Државна лотарија сака да дополни магија во празничниот период и да подари дополнителни можности за радување, со многу дружење, смеа, музика и радост за љубителите на интернет игри на среќа, но и за сите над 18-годишна возраст.

Во рамките на караванот подготвени се две специјални зони. Првата зона Zone Fun & Play, им овозможува на посетителите да се забавуваат со тркалото на среќата, интерактивниот дигитален тотем, но и да се фотографираат за спомен на забавата и празниците. Втората зона Zone Register & Win ги претставува дигиталните точки за регистрација на посетителите, каде што секој новорегистриран корисник на megawin.mk каде што ќе добие празничен бонус за добредојде и можност за инстант подарок. Посетителите, исто така, се  запознаваат и со понудата на специјалната новогодишна кампања „JINGLE BETS“.  Секоја регистрација носи шанса за вртење тркалото на среќата или учество во дигиталната игра „МЕГА БОНУС“. За повеќе забава, дигиталниот тотем овозможува учесниците да се впуштат во дигитален лов по виртуелни парички − интерактивна забава за освојување подароци, а на крајот добиваат фотографија со QR код за споделување на социјалните мрежи со хаштагот #Megawin2you. Тука се и „Happy Hour“ регистрациите, кога секој нов корисник ќе добива двојна можност за подарок. За љубителите на социјалните мрежи подготвена е и фото зона за инстаграм, со брендирана рамка и реквизити, која ги поттикнува посетителите да создаваат и споделуваат празнични фотографии. Во демо зоната со таблети, промотерите ги водат посетителите низ процесот на регистрација и им ги објаснуваат правилата на играта. За уште попријатно искуство, во посебено катче за релаксација се служи чај, создавајќи топла празнична атмосфера. Секој што ќе се регистрира добива можност да ја одигра онлајн играта и веднаш да освои подарок. Празничниот караван ги посетува и настаните поддржани од Државна лотарија како што се концертите на Махмут Орхан и Сара Мејс, а истовремено овозможи и дополнителна забава за публиката, а на сите локации каде што е ЏИНГЛ БЕТС караванот таму има и празнична атмосфера збогатена со музички настапи и диџеј-сетови со модерни новогодишни миксови, коишто секоја локација ја претвораат во вистинска празнична забава.

Караванот патува низ различни градови, пред продажни места на Државна лотарија, но и на градски плоштади, а внесува и дополнителна забава во кафулиња и клубови меѓу младите над 18-годишна возраст, коишто одблиску се запознаваат со можностите за забава и одговорно играње на платформата МЕГАВИН.МК на Државна лотарија, а ова е единствената легална платформа за интернет игри на среќа во Македонија.

Активностите на караванот ќе траат и во текот на јануари 2026 година. Ги покануваме заинтересираните да ги следат социјалните медиуми и известувањата во рамките на Лото емисијата за да дознаат кога ќе биде блиску до нив оваа празнична ЏИНГЛ БЕТС магија.

 

Најнови вести од: Бизнис

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

Азески: Позитивен пресврт во дипломатијата – нашето претставништво во Брисел мора да е точка од која ќе тргнат промените

Ако членството во Унијата ни е целта кон која се движиме, нашето претставништво во центарот на ЕУ мора да биде точката од која ќе тргнат промените. Добро опремено, финансиски поддржано и подготвено за најголемите предизвици – да ја оставиме зад себе уравниловката и со пример да покажеме дека лидерството е врзано со целта и со темелните вредности, а тие, пак, со парите на граѓаните и со нивното добро.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на средба во Еurochambres во Брисел

Соговорниците се согласија дека стопанските комори имаат значајна улога во поддршката на реформските процеси, јакнењето на конкурентноста на компаниите и во продлабочувањето на економската соработка меѓу Европската Унија и земјите кандидати за членство.

„H&M“ на големо затвора продавници – Клуч на вратите за уште 170 дуќани низ цел свет до крај на 2026

Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови.

Атина доби конкуренција, Софија сака да биде регионален лидер во ископот на бакар, Скопје само ја следи битката

Додека соседството дава приоритет на рударската индустрија поради новите европски директиви и геополитичката состојба, Македонија стагнира и не го користи својот потенцијал на бакар во Иловица.

Најнови вести

To top