Бизнис

Паѓаат каматите на кредитите – Просечната каматна стапка во август била 4,90%

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август, е повисока за 0,06 п.п. на месечна основа и изнесува 4,48%, додека на годишна основа е намалена за 0,56 п.п.

Паѓаат каматите на кредитите. Во август 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,90% и е намалена за 0,01 п.п. и 0,54 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19%.

  • Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во август е повисока на месечна основа и изнесува 4,48%, додека на годишна основа е намалена кај новопримените депозити изнесува 2,06% – соопштија од Народната банка.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во август изнесува 5,27%. Промената во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула, додека каматните стапки на останатите категории кредити се непроменети. Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е пониска за 0,39 п.п. на годишна основа.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој месец, изнесува 4,68%. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 2,14%. Споредено со август претходната година, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е зголемена за 0,21 п.п.

  • Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата во август, изнесува 2,18% и бележи пад од 0,15 п.п. на месечна основа. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,14 п.п. и 0,06 п.п., соодветно). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Годишниот пад на оваа каматна стапка изнесува 0,58 п.п. – велат од Народната банка.

Најнови вести од: Бизнис

„Алкалоид“ присутен на американскиот пазар веќе 21 година

Дипломатска делегација на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, предводена од Никол Варнс, вршител на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, во придружба на економскиот советник Барнабас Биркеланд, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, чиј домаќин беше генералниот директор и претседател на Управниот одбор,  Живко Мукаетов. Во рамките на работната […]

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

To top