Бизнис

Пазарот на недвижности продолжува да расте

Повеќе од 7,8 милиони квадратни метри продадена површина

Во вториот квартал од оваа година највисоката постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари, односно 3.360 евра. За стан од 50 метри квадратни во Општина Центар се платени 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот од април до јуни.

Од продажбите на стари станови, највисоката постигната цена по метар квадратен е забележана во Охрид и изнесува 197.408 денари, односно 3.200 евра. За стан од 66 метри квадратни се платени 211.200 евра.

Во периодот од 1 април до 30 јуни во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 8.369 трансакции, што претставува збир од купопродажби и закупи. Споредено со првиот квартал, се бележи раст од 7,9 проценти, што укажува на зголемена пазарна активност.

Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот на недвижности за вториот квартал изнесува 351,7 милиони евра, што претставува раст од 27,3 проценти во споредба со претходниот квартал.

Регистрирани се 977 продажби од инвеститор, од кои 943 се станови, а 34 куќи. Во однос на првиот квартал има раст од 236 продадени новоградби.

Во вториот квартал на целата територија на државата се регистрирани 943 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 231 стан или 32 проценти повеќе во споредба со првиот квартал. Во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 28.352 листови за предбележување на градба, што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

Споредено со првиот квартал, бројот на продадени станови во вториот квартал е зголемен за 37 проценти, а нивната вкупна финансиска вредност е зголемена за 43 проценти. Бројот на продадени куќи е зголемен за 13 проценти, а финансиската вредност за 22 проценти. Кај земјоделското земјиште и шумите бројот на купопродажби е зголемен за 7 проценти, а финансиската вредност за 14 проценти. Деловните простори бележат пад на вкупната купопродажна вредност од 7 проценти, додека бројот на продадени деловни простори е зголемен за 21 процент. Раст на вкупната купопродажна вредност се бележи и кај индустриските објекти од 97 проценти и кај градежното земјиште од 10 проценти. Бројот на продажби кај индустриските објекти е намален за 16 проценти, а кај градежното земјиште е зголемен за 16 проценти. Бројот на продадени гаражи е зголемен за 34 проценти, а нивната вкупна финансиска вредност за 46 проценти.

Најголем број продадени станови се евидентирани во Општина Аеродром – 297 станови, а најголем број продадени куќи во Општина Битола – 64. Најмногу купопродажби на деловен простор има на територијата на Општина Центар, каде што се продадени 33 деловни простори. Најмногу недвижности од типот на земјоделско земјиште и шуми се продадени во Општина Куманово, со 79 купопродажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано исто така во Општина Куманово, со 45 купопродажби. Во овој квартал се регистрирани и купопродажби на 203 гаражи во повеќе општини.

Во вториот квартал од 2026 година продадени се недвижности со вкупна површина од 7.818.624 метри квадратни и вкупна достигната цена од 21.557.508.806 денари.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top