Бизнис

Петте технолошки гиганти вредат колку економијата на Кина

Растечки страв од преценет AI-бум

Неодамнешните осцилации на технолошките акции повторно ги разбудија стравувањата дека бумот на вештачката интелигенција може да прерасне во еден од најголемите финансиски меури во историјата.

Технолошкиот индекс Nasdaq оваа недела претрпе значителен пад, губејќи над 6% од рекордот поставен на 2 јуни. Само во петокот, индексот падна за 1,2%, додека јужно-корејскиот Коспи потона за дури 5,8%.

Инвеститорите се сè понервозни бидејќи проценките на компаниите поврзани со вештачка интелигенција се градат главно врз идни ветувања, а не врз реални профити. Иако побарувачката за технологијата расте, компаниите трошат и позајмуваат десетици милијарди долари за изградба на инфраструктура без видливи непосредни резултати.

Дебатата дали американскиот сектор за вештачка интелигенција е во меур е остро поделена. Песимистите предупредуваат дека станува збор за мега-меур кој би можел да биде 17 пати поголем од дот-ком меурот од 2000 година и четири пати поголем од хипотекарната криза во 2008 година. Оптимистите, пак, сметаат дека вештачката интелигенција ја редефинира економијата и дека нејзиниот потенцијал во следните децении ќе го надмине се она што го видовме во минатиот век.

„Постојат многу индикации дека сме во меур“, изјави Итај Голдштајн, професор по финансии на Вортон школата на Универзитетот во Пенсилванија. Легендарниот инвеститор Џереми Грантам, познат по точните предвидувања на претходните големи кризи, го оцени сегашниот бум како „најголемиот скок во американската историја“ и предупреди дека цените на tech-акциите можат да паднат и до 70% ако меурот пукне.

Петте најголеми технолошки компании на Волстрит моментално вредат вкупно околу 18 трилиони долари – речиси колку целата економија на Кина. Nvidia, симболот на AI-бумот, од ноември 2022 година до денес забележа раст од над 1.047%.

Грантам и други експерти предупредуваат дека евентуален колапс би имал далекосежни последици врз богатството, потрошувачката, вработеноста и целата економија, особено затоа што голем дел од Американците ги имаат своите заштеди и пензии поврзани со технолошките акции.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top