Спорт

Гаштаров пред дебито за Македонија: Многу сум среќен, ова го чекав од дете

Играчот за врска што го привлече вниманието со игрите за Црвена звезда меѓу првите дојде на собирот на репрезентацијата

Матеј Гаштаров, 19-годишната голема надеж на македонскиот фудбал и еден од првите што пристигнаа на собирот на репрезентацијата на Македонија за Лигата на нациите, не го крие задоволството од повикот од селекторот Гоце Седлоски.

„Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години. Очекувам да настапам и се надевам на позитивни резултати. Секако, одиме на победа без разлика кој е противникот. Имаме голема почит кон Швајцарија, Шкотска и Словенија, но нашиот тим има голем квалитет и одиме на победа. Ќе оставиме срце на терен, како што се очекува од овој дрес“, изјави фудбалерот на Црвена звезда, кој Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) го рангираше меѓу најдобрите млади играчи за врска до 23 години во Европа.

Гаштаров се очекува да дебитира за Македонија в сабота против Швајцарија во Скопје на стартот од Лигата на нациите, во која „црвено-жолтите“ првпат ќе играат во Б-дивизијата.

Најнови вести од: Спорт

To top