Бизнис

Пиринска Македонија единствена во Бугарија со просечна плата под 1.000 евра

Во првото тримесечје од 2026 година во Благоевградската област е исплатена просечна плата од 999 евра

Благоевградската област, која речиси целосно се поклопува со Пиринска Македонија, е единствената од 28 регионални територијални единици во Бугарија со просечна плата под 1.000 евра во првото тримесечје од 2026 година.

Во март таа изнесувала 999 евра, помалку само од претпоследното Хасково со 1.007 евра, а трет одзади е Видин со 1.020 евра.

Во уште десет бугарски области просечната плата е помала од 1.100 евра, меѓу кои и Ќустендил со 1.053 евра.

На врвот е Софија со просечна плата од 2.061 евра, а средната плата на ниво на државата во првите три месеца оваа година достигна 1.407 евра и е поголема за 2,8 проценти во однос на последните три месеца од 2025 година, покажува националната статистика.

Најголема просечна плата се зема во информатичкиот сектор, кадешто во март достигна 3.617 евра, а најниска е во хотелиерството, кадешто изнесува 870 евра.

Во приватните компании таа е 1.410 евра, а во државните 1.398.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top