Бизнис

Поддршка за стабилна економска средина и поголема конкурентност на компаниите ориентирани кон извоз

Гувернерот Славески ја истакна важноста од постојаната и отворена соработка на Народната банка со домашните и странските компании коишто работат во земјава, имајќи ги предвид перспективите во економијата, придонесот кон поголем извоз и подобрениот трговски биланс на државата.

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари работна средба со директорот на „Костал“ Македонија Виктор Мизо на која беа разгледани актуелните економски текови и предизвиците со кои се соочува бизнис-секторот. Се разговараше пред сѐ за показателите значајни за деловната заедница, особено во однос на унапредувањето на платежните услуги, одржувањето стабилен девизен курс и обезбедувањето умерена инфлација, како главни предуслови за предвидлива деловна клима и одржлив раст на компаниите.

Гувернерот Славески ја истакна важноста од постојаната и отворена соработка на Народната банка со домашните и странските компании коишто работат во земјава, имајќи ги предвид перспективите во економијата, придонесот кон поголем извоз и подобрениот трговски биланс на државата.

Директорот Мизо го информира гувернерот за состојбите во автомобилската индустрија на светско и на европско ниво. Тој се осврна на предизвиците поврзани со синџирите на снабдување, царинските стапки, геополитичките тензии, цената и достапноста на работната сила, како и последните случувања што директно влијаеја врз производството и испораките, вклучително и штрајкот на регионалните транспортни компании.

Во рамките на посетата, гувернерот Славески имаше можност непосредно да се запознае со напредните технолошки процеси и најсовремената опрема во сегментот на енергетска електроника за автомобилската индустрија. Производството е наменето за најновите модели на електрични и приклучни хибридни возила на „Фолксваген“, како и за напредни мехатронски системи за „Мерцедес“, што дополнително ја потврдува ориентацијата на компанијата кон напредна технологија и извоз.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top