Бизнис

Повик за компании: Искористете бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Избраните компании ќе имаат можност да соработуваат со искусни канадски советници, професионалци со долгогодишно меѓународно искуство, кои ќе обезбедат практични совети и насоки за конкретни деловни предизвици и развојни можности, согласно потребите на компанијата.

Македонија2025 објавува повик за апликации за македонски микро, мали и средни компании заинтересирани да добијат бесплатна експертска поддршка преку Битов програмата за претприемачи. Битов програмата за претприемачи се спроведува во партнерство со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization), канадска организација со повеќе од 50 години искуство во поддршка на економскиот развој и јакнење на приватниот сектор на глобално ниво.

Преку оваа програма, Македонија2025 и Catalyste+ заеднички работат на подобрување на конкурентноста и развојот на македонските компании. Програмата се реализира во Македонија од 2018 година, а досега поддршка добиле повеќе од 30 македонски компании.

Избраните компании ќе имаат можност да соработуваат со искусни канадски советници, професионалци со долгогодишно меѓународно искуство, кои ќе обезбедат практични совети и насоки за конкретни деловни предизвици и развојни можности, согласно потребите на компанијата.

Македонија2025 целосно ги покрива трошоците за ангажманот на советникот, како и неговото патување до Македонија. Компанијата учесник има обврска да обезбеди сместување, оброци и локален транспорт за советникот, доколку е потребно.

Кој може да аплицира?

Програмата е наменета за микро, мали и средни компании кои ги исполнуваат следните услови:

  • Компанијата постои најмалку една година;
  • Сопственикот и управителот на компанијата се македонски државјани и жители на Македонија;
  • Компанијата има лице кое ќе биде директно вклучено во процесот, достапно за советникот и ќе соработува со него за време на посетата, со добро познавање на англиски јазик;
  • Постои висока посветеност од страна на менаџментот за спроведување на препораките и промените;
  • Компанијата е финансиски стабилна и има капацитет за имплементација на предложените активности;
  • Компанијата ги исполнува критериумите за микро, мала или средна компанија.

Предност ќе имаат компании кои работат во следните области:

  • туризам и угостителство;
  • финансиски услуги;
  • агро-бизнис;
  • информатичко-комуникациски технологии (ИКТ);
  • управување со природни ресурси;
  • обновливи извори на енергија;
  • прехранбена индустрија;
  • и други сектори со потенцијал за раст и развој.

Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани, имаат потенцијал за раст и развиваат иновативни производи или услуги. Повеќе информации за програмата, начинот на аплицирање и потребната документација можете да најдете ТУКА. За искуствата и придобивките од учеството во програмата, погледнете ТУКА.

Краен рок за аплицирање: 31.08.2026 година.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top