Бизнис

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците – Кај кредитите просекот е двојно повисок

Во јануари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата оствари месечен раст од 0,29 п.п. и изнесува 4,67%. Зголемувањето произлегува од повисоките каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута, при забележан пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула.

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%, покажуваат податоците на Народна банка. Според овие податоци, во јануари, просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,33% и оствари месечен пад од 0,03 п.п и годишен пад од 0,15 п.п. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е повисока за 0,15 п.п. на месечна основа и изнесува 4,40%, додека на годишна основа е намалена за 0,30 п.п.

Кога се имаат предвид просечните каматните стапки на вкупните кредити на домаќинствата, тие во јануари  се намалени за 0,04 процентни поени во однос на декември лани и изнесуваат 5,11%

Од НБ објаснуваат дека тоа се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,05 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута не остварија месечна промена.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата бележи годишен пад од 0,44 п.п.

Во јануари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата оствари месечен раст од 0,29 п.п. и изнесува 4,67%. Зголемувањето произлегува од повисоките каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута, при забележан пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула.

Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,09 п.п. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во јануари, е намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво и изнесува 2,13%.

  • Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута, велат од НБ..

Кај каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е забележан годишен раст од 0,02 п.п.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top