Бизнис

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на средба во Еurochambres во Брисел

Соговорниците се согласија дека стопанските комори имаат значајна улога во поддршката на реформските процеси, јакнењето на конкурентноста на компаниите и во продлабочувањето на економската соработка меѓу Европската Унија и земјите кандидати за членство.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески со своите соработници оствари работна средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори, и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. Средбата се одржа во седиштето на Асоцијацијата на европски комори Eurochambres во Брисел.

На средбата беше разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу Стопанската комора на Македонија и EUROCHAMBRES, како и за поактивно вклучување во процесите на креирање европски економски политики и иницијативи од интерес за бизнис-заедницата. Во разговорите беше истакната важноста на силниот и инклузивен коморски систем, кој ќе обезбеди поефикасно застапување на интересите на компаниите, ќе придонесе за подобрување на деловното опкружување и ќе создава конкретна додадена вредност за своите членки.

Посебно внимание му беше посветено на процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан. Соговорниците се согласија дека стопанските комори имаат значајна улога во поддршката на реформските процеси, јакнењето на конкурентноста на компаниите и во продлабочувањето на економската соработка меѓу Европската Унија и земјите кандидати за членство.

Во таа насока, беше истакната и улогата на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6 CIF) како најрепрезентативна регионална бизнис-мрежа, која преку заедничко дејствување на шесте стопански комори од Западен Балкан може да даде значителен придонес во процесите на економска интеграција и застапување на интересите на компаниите од регионот.

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за продлабочување на соработката преку реализација на нови заеднички проекти меѓу Стопанската комора на Северна Македонија, EUROCHAMBRES и стопанските комори од Западен Балкан, со цел размена на добри практики, зајакнување на институционалните капацитети и отворање нови можности за компаниите во рамките на европскиот економски простор.

Основана во 1958 година во Брисел како директен одговор на создавањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ), EUROCHAMBRES претставува асоцијација на европските трговско-индустриски комори. Таа ги претставува интересите на повеќе од 20 милиони компании преку мрежа од околу 1.700 регионални и локални стопански комори низ Европа. Нејзините главни задачи се:

  • да ги застапува интересите на бизнисите пред институциите на Европската Унија;
  • да предлага политики за подобрување на деловната клима;
  • да ја поттикнува соработката меѓу стопанските комори и меѓународната трговија.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top