Бизнис

Превозниците од Македонија,Србија и БиХ најавија блокада доколку не се реши проблемот со EES

Здруженијата на транспортни оператори од Македонија,Србија и Босна и Херцеговина издадоа заедничко предупредување дека, доколку не се реши проблемот предизвикан од новиот Entry/Exit System (EES) на Шенген зоната, кој стапува во сила од 10 април 2026 година, ќе дојде до блокада на шенгенските граници.

Здруженијата на транспортни оператори од Македонија,Србија и Босна и Херцеговина издадоа заедничко предупредување дека, доколку не се реши проблемот предизвикан од новиот Entry/Exit System (EES) на Шенген зоната, кој стапува во сила од 10 април 2026 година, ќе дојде до блокада на шенгенските граници.

Новиот систем предвидува биометриска регистрација (отпечатоци од прсти и фотографија) за државјани од трети земји при секој влез и излез од Шенген зоната, со ограничување на 90 дена престој во период од 180 дена. Ова правило, според превозниците, е невозможно да се примени за професионалните возачи на камиони од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Неѓо Мандиќ, претседател на Меѓународната транспортна унија, истакна дека возачите ќе имаат само 9 до 10 дена ефективна работа месечно, што е економски неодржливо.

„До 10 април, доколку ништо не се промени, 99,9 отсто од возачите од Србија, Босна и Македонија нема да можат да влезат во ЕУ. Сите камиони ќе запрат, синџирите на снабдување ќе колабираат“ – предупреди Мандиќ.

Тој нагласи дека возачите не се мигранти ниту туристи, туку официјално вработени лица со целосна документација, кои секојдневно преминуваат граници за транспорт на стока. Проблемот е уште поголем поради фактот дека Шенген зоната сега директно граничи со овие земји (Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија).

Мандиќ посочи дека возачите масовно ќе ги напуштаат локалните компании и ќе се вработуваат во ЕУ земји, оставајќи ги превозниците без кадри. Дополнителен проблем се долгите чекања на границите (до три дена), што дополнително го отежнува работењето.

Здруженијата месеци наназад испраќаат писма до Европската комисија, амбасадорите на шенгенските земји и националните власти, но досега немаат добиено задоволителен одговор.

Најавени се протести: доколку до 15 јануари 2026 година нема позитивни чекори од ЕУ, превозниците ќе организираат блокада на товарните терминали на граничните премини, без да го попречуваат патничкиот сообраќај.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top