Бизнис

Пропадна продажбата на „Лукоил“

Сè додека Путин продолжува со своите бесмислени убиства, марионета на Кремљ Gunvor никогаш нема да добие лиценца за работа и остварување профит, e ставот на Трамп

 

Шведската компанија „Gunvr“(Гунвор) вчера соопшти дека ја повлекол својата понуда за купување странски средства на руската енергетска компанија Лукоил, објави Ројтерс.

Министерството за финансии на САД сигнализираше дека се спротивставува на договорот, бидејќи војната на Русија во Украина продолжува.

Министерството за финансии на САД во објава на ‘X’ соопшти дека претседателот Доналд Трамп „бил јасен дека војната мора веднаш да заврши“ и дека „сè додека рускиот претседател Владимир Путин продолжува со своите бесмислени убиства, марионета на Кремљ Гунвор никогаш нема да добие лиценца за работа и остварување профит“.

Сет Пјетрас, главен корпоративен директор на Гунвор, на мејл дека изјавата на Министерството за финансии е „фундаментално погрешна и неточна“ и дека компанијата ја поздравува „можноста да го исправи ова очигледно недоразбирање“.

Гунвор е основан од шведскиот претприемач Торбјорн Торнквист и рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко, кој се смета за член на внатрешниот круг на рускиот претседател Владимир Путин.

Во 2014 година, откако Русија го анектираше Крим, Тимченко го продаде својот удел во компанијата на Торнквист за да избегне санкции. Во тоа време, Министерството за финансии на САД соопшти дека рускиот претседател „има инвестиција“ во Гунвор и „можеби има пристап до средствата на компанијата“.

„Во меѓувреме, Гунвор ја повлекува својата понуда за меѓународните средства на Лукоил“, рече Пјетрас.

Министерството за финансии воведе санкции врз Лукоил минатиот месец во обид да ги намали приходите на Русија што се користат за водење на војната.

Околу една недела подоцна, Лукоил соопшти дека ја прифатил понудата на Гунвор да ги купи неговите странски средства, кои втората по големина руска нафтена компанија се обидува да ги продаде поради санкциите.

Повеќе:

Каква е „судбината“ на 40 бензиски пумпи на „Лукоил“ во Македонија?

 

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top