Бизнис

Расте и штедењето и земањето кредити – Во јуни повеќе пари се ставиле на сметка отколку што се позајмиле

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити. Во јуни повеќе пари се ставиле на сметка отколку што се позајмиле. Раст на кредитите од над 13% на годишно ниво во јуни – стои во статистиката на Народната банка. Вкупните кредити на граѓаните и компаниите во домашните комерцијални банки достигнале до 9,61 милијарди евра. Во јуни кредитирањето пораснало за 1,4 отсто. Притоа , бизнисот замал повеќе заеми отколку граѓаните. Интересно, населението најмногу било заинтересирано за земање станбен кредит. Во јуни, задолжувањата за доаѓање до сопствен дом биле поголеми за 1,6%. Станбените кредити пак на годишно ниво имаат раст од неверојатни 16,6%. Се уште нема информации дали ова зголемување, меѓу другото е и резултат на олеснувањето на условите за стекнување прв дом за млади. Следат потрошувачките кредити, а намалување има кај автомобилските кредити. Граѓаните се задолжувале и преку кредитните картички во јуни, а продолжува и трендот на „одење во минус“ на трансакциска сметка.

„Автомобилските кредити се намалени за 0,6% на месечна основа, додека на годишна основа бележат зголемување од 7,8 отсто. Кредитите одобрени на кредитните картички во јуни остварија месечен раст од 0,4 отсто, во услови на годишен пад од 4,0 проценти. Овој месец негативните салда на тековните сметки се зголемени за 0,9 отсто и 2,1 процент на месечна и на годишна основа, соодветно“ – пишува во Извештајот на Народна банка.

И покрај порастот на трошоците за живот, се повеќе Македонци се обидуваат да штедат. Народна банка забележа раст на депозитите во јуни од 9,9% на годишно ниво и 2,1% споредено со мај. Граѓаните во деловните банки имаат речиси 11 милијарди евра. Се забележуваат и промени во начинот на чување на парите. Намалена е количината на готови пари во оптек за речиси 2%, а раст има кај краткорочните и долгорочните депозити.

Она што е интересно е дека банките се уште не реагираа на зголемувањето на основната каматна стапка за 0,25пп на 4,25% на средината на јуни. На крајот на шестиот месец се регистрира просечна каматна стапка кај кредитите од 4,67% која е намалена на годишна основа за 0,36 п.п. Просечната камата, пак, на вкупните депозити е 2,17% и на годишна основа е речиси непроменета.

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

To top